ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ОД ЛАДНО НА ТОПЛО (ВЛОШУВАЊЕ)

Bryonia

Kalium sulfuricum

Кај овој препарат сите симптоми се влошуваат од топлина. Причината за тоа е бидејќи се топлокрвни. Неможат да ја издржат топлината на собата или било каква друга форма на топлина.  Се влошува од  топол воздух, топла соба и топли покривки.

Тие се мрзливи и безволни, посебно во топла соба. Постојано се жалат дека се чувствуваат уморни. Имаат потреба од свеж воздух. Многу се нестрпливи и симптомите се влошуваат од утеха.  Постојано се самосожалуваат.

Непочитувани и повредени. „Главното чувство на овој лек е дека се непочитувани и повредени од нивната фамилија или групата чија поддршка им е потребна. Поради тоа постојано прави напор да ја здобие нивната почит и наклонетост. Тој сака неговата вредност во нивните очи да порасне. Тој е работлив и од голема помош, се грижи и ја поддржува групата. Тој личи дека е независен од мислењето на другите и дека е почитуван и ценет. Тој е многу работлив и вложува голем напор да им помогне на другите. Во исто време, има бес кон фамилијата или групата бидејќи се чувствува навреден од нив. Како што се интензивира ова чувство, тој станува обесхрабрен и развива голема потреба од доверба. Станува несигурен и нерешителен. Тој е плашлив и се штрека многу лесно. Станува многу чувствителен и лесно се навредува.“ (Sankaran)

Се поти многу лесно и тоа многу обилно. Зарипнатост на гласот во топла соба. Чујно хрчење во градите посебно кај деца и тоа навечер. Сака благо, кисело, ладни напитоци и ладна храна. Не поднесува јајца и леб, топли напитоци и топла храна и месо.  Симптомите се подобруваат од движење и прошетка на чист воздух.

Ладни раце и стопала за време на болките (во истиот тој момент може да го исклучиме Sulphur). Шетачки артритични болки кои се подобруваат од ладно и движење, а се влошуваат од топло.

Се дава после Pulsatilla. Кога Pulsatilla нема да успее да ги олесни симптомите трајно; општа вознемиреност од подлабоко ниво.

Psorinum

Sulphur

Tuberculinum

ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ОД ТОПЛО КОН ЛАДНО

Dulcamara

Mercurius

Влошувањето на Mercurius е од промена на времето, и тоа кон облачно, влажно и ладно. Тогаш лесно настинуваат. Овој препарат ги зафаќа речиси сите органи и ткива во телото. Лимфните јазли се зголемени, жлездената активност посебно на плунковите и мукозните жлезди е засилена. Пациентот пати од поголем број на симптоми, тој е несигурен  за неговото ментално и физичко однесување, треперлив, истоштен и испотен.  Умствено се забрзани, посебно во говорот. Пелтечи, нервозно  со тремор. Насилни забрзани инпулси-убиствени, самоубиствени. Мисли дека го губи разумот. Слабо помнење; се заборава. Силни кијавици, кијавици на сонце.

Veratrum

ОБЛАЧНО ВРЕМЕ (ПОДОБРУВАЊЕ)

Causticum

ЛАДНО ВРЕМЕ

СУВО (ВЛОШУВАЊЕ)

Aconitum

Влошувањето на овој препарат е од суво, влажно време и тоа при потење. Подобрува свеж воздух.

Arsenicum album

Влошувањата се периодични. На полноќ, после полноќ. По 2 часот наутро; по 14 дена; годишно. Ладно, ладен и влажен воздух. Ова ги придружува основните симптоми кои го прават овој препарат, полудувачки, горечки болки, како оган, топли игли или жици кои се подобруваат од апликација на топло.  Ментално пациентите се екстремно нервозни и анксиозни. Нарушување на крвта каде што има пернициозен тип на анемија и тешка септична состојба. Потешкотии кои се јавуваат како резултат на јадење сладолед. Деструктивни процеси – карбункули, канцер, малигност. Се дава профилактички за жолта треска. Кај акутни и хронични изгореници.

Одговара за високи слаби индивидуи со темен тен. Со многу брз метаболизам. Зборува брзо. Многу изразена жед. Зема мали голтки вода поначесто. Икања чести, исто кога треба да се појави треска со подригнувања.  Секретот од носот е течен, воденаст. Кијавица која не дава олеснување.

Asarum europium

Овој препарат предизвикува впечатлива пречувствителност на нервите; гребењето на свила или постелнина, и шушкањето на хартија се неподносливи, дуру и помислата дека некој би можел да гребе со ноктите предизвикува непријатна возбуда низ телото. Ладни морници од било која емоција е исто така значаен симптом.

Ладно, суво време ги влошува сите симптоми. Додека пак влага, и влажно време ги подобруваат симптомите.

Имаат чувство на степено исчезнување на мислите. Заглупавено чувство во главата, кое се подобрува при подригнување. Компресивна главоболка. Чувстсво на тензија на целиот скалп, не може да поднесе да се чешла.

Baryta carbonica

Bryonia

Сите општо познати симптоми за Bryonia се влошуваат на топло време, а се подобруваат на облачни, влажни денови.

Овој препарат е индициран за повреди на зглобовите во случаи каде што Arnica  не успева да помогне.

Многу нервозни и лошо се однесуваат. Многу одлучни. Сака да си оди дома. Зборува за работа. 

Општите симптоми на овој препарат се добро познати болка во телото, со тестаст бел оток. Пациетот сака да лежи неподвижно во кревет. Симптомите по телото се подобруваат со топли апликации. Желба за големи количини на ладна вода, и за топли напитоци кои ги подобруваат симптомите. Кашлица која е сува, силна и многу болна. Се случува во текот на ноќта, како да доаѓа од стомакот, мора да се исправи и ја влошува со јадење и пиење. Ги држи градите кога кашла. Кашлица со кијавица. 

Causticum

Hepar sulfuris

Kalium carbonicum

Одговара за дебели, остарени, меки, слабокрвни и ладни личности кои се увствителни на временските промени, на секој најмал провев, секогаш се тресат, со тенденција кон отоци и парализа. Имаат слабост на мускулите на срцето, на грбот, на екстремитетите, слабост во интелектот.

Вообичаени белези на Kalium препаратите се: конзервативност, редовност, коректни, приземјени.

Kali-c е прототип, таму каде што умот владее со чувствата.

„Главните поплаки им се дека одат кон распаѓање.“

Имаат многу силна ментална контрола и се плашат да не ја изгубат контролата. Догматични. Имаат силно чувство на обврска. Го прават она што мора да се направи. Емоциите ги чувствуваат во стомакот како удар, во соларниот плексус, посебно страв и исплашеност. Чувствителни и се штрекаат од допир. Не може да дозволи да биде допрен на половината или на табаните.

Влошување од  ладно (воздух, вода, провев, промена на времето, прегревање, после истоштеност, влажно време). Временска условеност влошување има од 2-3 наутро, во зима, пред месечниот циклус на жената.

Симптомите се подобруваат при загревање и на суво топло време.

Nux vomica

Psorinum

Silecea

ВЛАЖНО ВРЕМЕ (ВЛОШУВАЊЕ)

Amonium carbonicum

Состојби на заболување кои се карактеристични за овој лек често се среќаваат кај јадри жени, кои секогаш се уморни и истоштени, лесно настинуваат, и патат од на колера слични симптоми пред циклус, водат седечки начин на живот, воопшто имаат успорени реакции, и се со предиспозиција да го користат миризливото шишенце често. Голема одвратност кон вода; не можат да поднесат ни да ја допрат. Поради тоа општата хигена им е на многу незавидно ниво.  Многу се чувствителни на ладно.

Во рубриката Ум за овој препарат ќе најдете: Заборавени, со лош хумор, нерасположени за време на бура. Нечисти.

Arsenicum album

Badiaga (руско име за речен сунѓер)

Влошувањето кај овој препарат се исто така на ладно време и бура. Подобрувањата се во топла соба и толина воопшто. Главното дејство на овој лек е на мускулите и кожата. Симптомите се влошуваат со движење и од триење на облеката. Има оток на жлездите. Општа состојба на пареза.  Главата ја чувствуваат како полна. Болка во челото и слепоочниците и се движи кон очните јаболка. Болен скалп. Перут. Главоболка со воспаление на очите.

Кожата е со пеги. Болна на допир. Има рагади. Подигнати и дислоцирани рагади. Кашлица која се влошува после пладне, и се подобрува во топла соба; кашлицата се возбудува од благи, бонбони… Искашлокот излетува од устата и ноздрите

Карцином на градата.

Од прво до шесто разредување.

Baptisa tinctoria

Дивото индиго од Америка е познат лек за тифоидната треска. Безживотно тело и немирен ум. Немирен, постојано ги трие рацете,  хистерично.

Влошувањата се од влажна топлина. Магла. Свеж воздух. Ладен ветер. Есен.

Овој препарат одговара за луѓе кои имаат чувство на двојност. Мукозните мембрани стануваат темни.  Има непријатен мирис на телото и здивот, секрециите, столицата, потта, урината… Јазикот е распукан, крвари. Делува на крвта, и предизвикува септична состојба, слаба треска и труење налик на маларија. Дејството на ниво на екстремитетите е укоченост и болка. Во вратот чувствуваат замор, не можат лесно да го држат во било која позиција. Болка во сакралната регија, кај колковите и нозете. Грбот е болен како да е претепан. Се чувствува како да лежи на даска.

Има потешкотии во дишењето поради слабост на градите, < на одење, > на стоење. Чезнее за воздух. Бронхиална астма. Градите се стегнати и натиснати. Се плаши да заспие бидејќи му е страв од гушење и кошмари.

Calcarea phosphoricа

Симптомите на Calcarea phosphoricа се влошуваат од промена на времето. Провев. Ладно; топење на снег.  Се подобруваат во лето и од топло суво време.

Вообичаено овој препарат е за деца кои имаат забавена дентиција. За бебиња кои сакаат да цицаат цело време и повраќаат лесно.

За реуматизам во ладната сезона. Колковите се како умртвени.

Текстот објавен на оваа страница е од информативен карактер. Информациите во овој текст немаат цел да заменат професионален медицински совет. Доколку имате здравствени проблеми Ве советуваме да побарате медицински совет кај професионално лице. Хомеопатските лекови се земаат по препорака на професионален хомеопат, и се издаваат по извршен преглед.

д-р Биљана Ѓуроска

Следни настани:

There are no upcoming events at this time.

error: Content is protected !!