Hamamelis

За субкоњуктивни крварења, кога очите се исполнети со крв и болката е карактеристична за овој препарат со чувство на прскање на очните јаболка.

Ledum palustre

Овој препарат е за „помодрено око“. Слично на Arnica во токсични дози белиот ледум предизвикува суфузии (крвен подлив) на капиларите, поинтензивно и со црна крв. Симптомите се подобруваат со апликација на ладно. Може да се дава наизменично со Arnica. Интензитетот на прием се разредува како што се подобруваат симптомите.

Ruta graveolens

Соодветно е за симптоми од преголем замор од вештачко светло со чувство на парење, кое се намалува од топлина (за луѓе кои подолго време работат на компјутер).

Текстот објавен на оваа страница е од информативен карактер. Информациите во овој текст немаат цел да заменат професионален медицински совет. Доколку имате здравствени проблеми Ве советуваме да побарате медицински совет кај професионално лице. Хомеопатските лекови се земаат по препорака на професионален хомеопат, и се издаваат по извршен преглед.

д-р Биљана Ѓуроска

error: Content is protected !!