Hypericum perforatum

Овој препарат го има истиот ефект кај траума на нервите како што го има Arnica-та на мускулното ткиво. Остри, прободувачки, неиздржливи болки,  кои се движат по должината на нервот, најмногу во пределот на траумата. Се влошува од допир и од раздвижување.

Лекарството е делотворно за трауми во деловите богати со нервни влакна; крајот на прстите, ноктите, лицето, забната пулпа и др.

Natrum sulfuricum

Овој препарат е особено делотворен при последици од трауми на централниот нервен систем или траума во пределот на ‘рбетниот мозок. Овој препарат може да се издаде независно дали има фрактура на черепот или не, и дали има загуба на свеста, болниот пати од главоболка, вртоглавица, несоница и пореметувања на сеќавањето (симптоми на потрес на мозокот).

Некои невролози ги препишуваат симптомите на церебрална контузија дека се резултат на метаболизмот на водата кој го зафаќа и нервното ткиво. Ова може да го објасни дејтвото на Natrum sulfuricum, кој делува на подобрување (регулирање) на количината на вода во клетката.

Примарно препишување во случај на трауми на черепот: се зема Natrum sulfuricum 30 C еднаш неделно, и една доза на Arnica 30 C еднаш неделно, а два пати дневно (наутро и навечер) Hypericum 30 C во период од неколку месеци. Разредувањето на приемот зависи од подобрувањето. За лекување на субјективните симптоми кои може да бидат придружни на една фрактура на черепот се користат лекови кои делуваат на емотивната свера: Gelsemium, Ignatia, Argentum nitricum, Staphysagria, Kalium phosphoricum.

Текстот објавен на оваа страница е од информативен карактер. Информациите во овој текст немаат цел да заменат професионален медицински совет. Доколку имате здравствени проблеми Ве советуваме да побарате медицински совет кај професионално лице. Хомеопатските лекови се земаат по препорака на професионален хомеопат, и се издаваат по извршен преглед.

д-р Биљана Ѓуроска

error: Content is protected !!