Фрактурите се резултат на траума предизвикана од делување на голема сила, при тоа го оштетува коскеното ткиво и тоа преку дејство на лост или пак од продолжено дејство, продолжено пренапрегање. Фрактурите може да бидат препознати веродостојно по дисторзијата на коската, абнормалната подвижност. Неприродниот звук, или пак видливите коскени фрагменти. Неверодостојни индикации за фрактура се болка, оток, модринка или ограничени движења на коската. Фрактурите на коска вообичаено се третираат од обучен медицински персонал. Хомеопатските лекови може да го надополнат лекувањето. Овие лекови вообичаено се земаат веднаш по траумата и ја пратат насоката на терапијата, и многу видно може да го забрзаат и го подобрат исцелителниот процес.

Arnica Montana

  • Силна болка придружена со голема чувствителност на допир
  • Страв некој да не го допре или прегледа, пациентот тврди „јас сум добро“
  • Големи модринки

Calendula officinalis

  • Тинктурата се аплицира надворешно на отворените фрактури со цел да се спречи инфекција, да се подобри процесот на зацелување на раната, и да се спречи преголемо разраснување на сврзно ткиво и формирање на келоиди
  • Орално аплициран ја има истата индикација
  • Подоцнежната негова употреба е да го забрза процесот на заздравување

Eupatorium perfoliatum

  • Силно чувство на болка и претепаност на коските
  • Пациентот јасно чувствува дека коските се скршени, дури и без да се види фрактурата.

Hypericum perforatum

  • Фрактури во дел од телото  богато со нерви, како во пределот на рацете, лицето и ‘рбетот.
  • Отворени фрактури каде има повреда на нервите, придружено со силна болка

Ledum palustre

  • Затворени фрактури со мординка и оток, ладна на допир; пацинетот и покрај тоа не ја чувствува дека е топла
  • Болката се подобрува со апликација на ладно
  • Топлината ја влошува состојбата

Aconitum napellus

По преживеана тешка несреќа, покрај физичките повреди, знаците на шок се испишани на лицата на многу пациенти. Пациентот трепери, срцето бие забрзано, многу се немирни, потресени и анксиозни. Без обѕир дали се справуваме со фрактура, контузија или изгоретина, лекувањето на физичките симптоми треба да започне откако Aconitum веќе бил издаден. Оваа хармонизација на трауматизираната рамка на мозокот му помага на телото подобро да се снабди со енергија која е важна за исцелителниот процес.

Bryonia alba

И покрај тоа што кога имаме случај на фрактура на коска може да претпоставиме дека движењето ќе биде болно, фрактурите типични за Bryonia отскокнуваат со искулучително изразената чувствителност. Пациентот реагира екстремно чувствително, така што болката може да се тригерира не само од движења во близина на фрактурата туку и кога се движат другите делови на телото. Лесен притисок и имобилизација на повредената регија со помош на лонгета ја олеснува состојбата.

Calcarea phosphoric

Минералниот препарат Calcarea phosphoric ги содржи основните компоненти на коските, поради тоа не е за изненадување дека формирањето на коскеното ткиво може да биде нарушено во случаите каде оваа супстанција недостасува. Хомеопатскиот лек направен од овој минерал е соодветен за терапија на стари фрактури кои заздравуваат успорено.

Ruta graveolens

Ruta-та е специфичен лек за повреди на покосницата (периостеумот). Покосницата не е уништена со секоја фрактура; во некои случаеви може да остане недопрена. Но, во случаите на отворени фрактури, или пак во случај на затворена фрактура на рентген се покаже дека е повредена покосницата, тогаш Ruta е еден од препаратите кој треба да се земе во предвид. Ruta е подеднакво соодетна за третирање на споро зарастувачки фрактури, како што се Calcarea phosphoric и Symphytum.

Symphytum officinale

Symphytum-от е прв лек на кој  треба да помислиме за терапија на фрактура на коска. Ќе го стимулира заздравувањето, ќе го поттикне формирањето на калус на местото на фрактура, и ќе ја смири болката. Независно од тоа што се користи како лек за акутна терапија, тој може да помогне во подоцнежните лекувања на забавено заздравување на коската. Дури и фрактурите кои се подолго време заздравени сеуште се болни добро реагираат на издавањето на овој препарат.

Клиничка терапија на фрактури:

Наизменично се зема Arnica и China за да се ограничи изливот на крв во ткивата и помага за ресорпција на хематомот. Ова е терапија за првите денови по траумата. Потоа се даваат наизменично еднаш дневно Symphytum и Calcarea phosphoricа за побрзо формирање на калус.

Текстот објавен на оваа страница е од информативен карактер. Информациите во овој текст немаат цел да заменат професионален медицински совет. Доколку имате здравствени проблеми Ве советуваме да побарате медицински совет кај професионално лице. Хомеопатските лекови се земаат по препорака на професионален хомеопат, и се издаваат по извршен преглед.

д-р Биљана Ѓуроска

error: Content is protected !!