Уметност за свесна промена
12-13
Април, 2014

 

Почитувани,

Ве поканувам на курсот УМЕТНОСТА ЗА СВЕСНА ПРОМЕНА кој ќе се одржи 12 и 13.04.2014 во Скопје.

Курсот ќе го одржи Ингвар Вилидо, духовен учител кој работи и живее во Естонија.

Предвидени се 5 дена, од кои на овој курс ќе се запознаеме само со првите два:
Курс I: Јас, Мојот Внатрешен Свет и Системот од Пет Тела
Курс II: Ослободување од Емоциите кои го Нарушуваат Мојот Живот

Курсот чини 110 евра.
Секој заинтересиран го поканувам да се пријави, и половина од цената да ја уплати до 01.04.2014.

УМЕТНОСТА ЗА СВЕСНА ПРОМЕНА I-V

Курс I: Јас, Мојот Внатрешен Свет и Петте Тела

Курс II: Ослободување од Емоциите кои го Нарушуваат Мојот Живот

Курс III: Анулирање на Концептите кои го Нарушуваат Мојот Живот

Курс IV: Владеење со Свеста, Интуицијата и Инспирацијата

Курс V: Владеење со Животот преку Свесно Користење на Информацијата, Анализата и
Делувањето

Замислете дека постои чудотворен лек што ги лекува сите ваши болести – оние кои ги знаеме,
како и оние за кои сеуште не сме свесни. И уште повеќе – замислете дека овој лек има многу
пропратни ефекти, и сите позитивни: подобра концентрација, зголемување на увидот во
работите и на мудроста. Овој лек е целосно природен, и после добивањето на рецептот, може да
го правите самите, без пари, во неограничени количини. Дали дакате да го имате овој лек? Овој
лек постои. Се нарекува свесност. Секој има пристап до него. Но, како да научиме да ја користиме
свесно и неиспрекинато?

Што ќе научите:

Со низата предавања Вештина на Свесна Промена I-V ќе научите техники кои може да ги користите во текот на целиот ваш живот. Додека ги практикувате овие техники, вие ќе научите:

  • Да ја користите свеста за јасно да видите што се случува во вашиот живот;
  • Да ја применувате свеста за трајно да се ослободите од емоциите и мислите кои го нарушуваат вашиот живот;
  • Да постаните свесни, и да научите да ја одржувате свеста;
  • Да ја користите мудроста и интелектот со сите негови аспекти – со цел да го обликувате вашиот живот во посакуваната насока;
  • Да делувате на целосно ново ниво – ефективно, со најмал труд и најдобри резултати како за вас така и за другите

Учениците здобиваат лично искуство и увиди преку активно учество. Стекнатите техники може веднаш да бидат применети за менување на вашиот живот во посакуваната насока. Техниките се едноставни и прецизни. Колку повеќе ги користите, толку поефективни ќе станат. Додека ја применувате свесноста, ќе почнете да искувате севкупност која е комплетна – чувство на независна благосостојба на сите ниво од вашето постоење.

„Доколку сакате да го живеете животот како да е ваш, мора да станете свесни. Бескрајна радост и
моќе можат да бидат најдени со употребата на тој збор“ Ингвар Вилидо

За учителот и учењето:

Ингвар Вилидо, учител за применета свесност, врвен познавач на јаството, практикува личен
развој преку 30 години, додека во исто време одгледал три прекрасни и талентирани деца со
поддршка на неговата жена Сиири. Во текот на овие години тој прими иницијации од учители на
различни духовни традиции, вклучувајќи Тибетски Будизам, Џогчен и Санатан Дарма.
Практикувач и инициран учител за Бабаџи Крија Јога, со духовно име Ишварананда, Ингвар ја
претставува древната изворна јогиска лоза – јогички пат за самореализирање што е засновано на
откритијата од јога мајсторите во текот на илјадници години практично себе-истражување.

Уште од 1992, ги учел луѓето да постанат свесни, како да се ориентираат во нивниот внатрешен
свет, и како да направат промени кај нив. Пред дваесет години, Ингвар и неговите ученици го
создадоа живописниот центар за себе-остварување и еколошки студии во Лилеору, Естонија. Тој
продолжува да предава таму, да ги советува луѓето преку неговиот уникатен практичен метод за
учење. Поширок, AVATUD (во превод ОТВОРЕН) центра за проучување во моментов се гради како
би служел за потребите за учење на сите кои го следат патот на свесноста.

Курсевите за Уметноста за Свесна Промена I-V произлегоа од потребите на јога учениците од
Ингвар.

Недостатокот на концентрација и несоодветната способност за да ја користат свесноста ги
спречувале во практикувањето на прецизните техники од Крија Јога.Стана недвосмислено
очигледно дека учењето на овие вештини ќе биде многу од помош за било кој што сака да има
живот кој ќе биде посвесен и повеќе насочен од себеси. Така, Курсевите за Уметноста за Свесна
Промена I-V беа понудени на пошироката јавност почнувајќи од 2008 година.
Бидејќи ова е практично учење, кое во моментот не се предава од било кој во светов, Ингвар
почна да ги предава овие курсеви и во странство исто така, почнувајќи од 2010 година.

За курсевите:

Уметноста за Свесна Промена I : Јас, Мојот Внатрешен Свет и Системот на Петте Тела

На овој курс ќе научите да се ориентирате во вашиот внатрешен свет преку практичноискуство. Ќе
се запознаете со петте холистички интегрирани нивоа кои го сочинуваат вашиот внатрешен свет:

  1. Физичкото тело – биолошкиот организам и неговите основни потреби; сетилата;
  2. Виталното (астрално) тело – емоциите како природни сили;
  3. Менталното (причинско-последично) тело – меморија, мисли, сеќавања, имагинација;
  4. Интелектот – свесност, увидување, интуиција, инспирација, разлачување;
  5. Духовното тело – Бидување во вашиот вистински идентитет, највисокото Јас;

На првиот курс :

  • Ќе научите практично да ги разликувате овие нивоа и да ги разберете процесите кои се случуваат на секое ниво;
  • Ќе здобиете практично искуство за свесноста и ќе научите техника која ќе ви овозможи да станете свесни во секојдневниот живот;
  • Ќе го искусите вашете вистинско Јас на практичен, опиплив начин. Со ова знаење можете да започнете да ја вратите контролата на вашиот живот, во ваши раце, наместо тој да биде воден од автоматски процеси.

„Наеднаш, елегантно, сè си дојде на свое соодветно место како лего коцки, и се здобив со јасев увид во логиката на постоењето. Долго време копнеев по ова“ Тамур Тохвер,44 год., директор на театар, едукатор / Естонија.

Уметноста за Свесна Промена II: Ослободување од Емоциите кои го Нарушуваат Мојот Живот

На овој курс ќе научите практични техники кои ќе ви помогнат да ги ослободите нарушувачките емоции кои се искусени во минатото, како и постојните активни емоции. Преку практично искуство вие ќе научите:

  • Да ги забележувате емоциите и да го разберете нивниот ефект врз вашиот секојдневен живот, вклучувајќи го и вашето здравје;
  • Да ги ослободите емоциите кои ви го отежнуваат животот;
  • Да ги забележите и ослободите „емоциите во позадина“ кои може дури и не ги искусувате како емоции, бидејќи тие ја обојуваат сцената на вашето постоење (како на пример хроничен замор, тага, депресија);
  • Да го промените стравот кај вашиот партнер со леснотија.

Не се станува бесчувствителен и тап откако ќе ги ослободите вашите емоции. Напротив, во вашиот живот ќе влезе неусловена радост. Оваа радост не е емоција, туку природна состојба која го афирмира животот. Како што ќе бидете ослободени од јаремот на емоциите, вашата способност да бидете бистри и свесни ќе расне. Ќе видите дека имате повеќе време и енергија; вашата работа ќе напредува со поголема леснотија, вашете здравје ќе се поврати и вашите врски ќе ви носат поголемо задоволство.

„Емоциите можат да бидат моќни мотивирачки сили, кога знаете како да ги користите. Емоциите кои произлегуваат неконтролирано, од друга страна пак, можат да ја уништат личноста. Добро е да се знае како да се ослободиш себеси од непотребните емоции!“ Аиги Вахинг, 40 г., автор, преведувач/Естонија.

Уметноста за Свесна Промена III: Анулирање на Концептите кои го Нарушуваат Мојот Живот

На овој курс ќе искусите, на многу практичен начин, како ја оформувате вашата сегашност и иднина преку користењето на вашите мисловни капацитети.

Ќе научите:

  • Практично да ги забележувате и разликувате вашите мисли и да воочите дека имате избор дали сакате да го продолжите автоматскиот развој кој произлегува од овие мисли;
  • Да ги анулирате како вербалните, така и визуелните мисли кои го оформуваат вашиот живот и ви предизвикуваат страдање(како на пример, опсесивни мисли кои постојано и постојано се вртата, фиксни идеи и компулсивни мисли);
  • Да разлачите што навистина се случува во реалноста и што се случува во „виртуелната реалност“ – од рефлексивните мисловни комбинации што произлегуваат од вашата меморија.

Научените техники, од овој курс, ќе ви овозможат да ја повратите насоката во вашиот живот што сега ја насочува умот. Како што го разбиструвате и подредувате вашиот ум, ќе научите да го користите подобро. Како што менталното ниво станува прочистено и јасно, ќе почнете да ја искусувате тишината. Ова не е досадување. Во оваа тишина вашата највисока мудрост, квалитетите на вашиот интелект почнуваат да се воздигаат: увидување, интуиција, инспирација, свесност и разлачување.

„Бев изненадена колку едноставно Ингвар Вилидо беше во состојба да објасни како функционира нашето мислење и како буквално го создава светот во кој живееме“ Елизабет Зимер, 35 г., консултант,стручњак по семиотика/Германија.

Уметноста за Свесна Промена IV: Владеење со Свесноста, Интуицијата и Инспирацијата

Успешните научници, уметници, извршни директори и значајни лидери користат еден вроден човечки потенцијал повеќе од другите обични луѓе: потенцијалот да бидат свесни. Овој ист вроден капацитет им овозможил на јогините и мистиците да го откријат емпирискиот пат кон Бог – пат кој е целосно практичен, а не заснован на слепа вера.

Користејќи ја свесноста, на овој курс ќе научите:

  • Да функционирате „позади мислите “, каде се движи вистинското знаење;
  • Да разликувате увид од размислување, да ја препознавате вистинската визија споредено со замислените слики создадени од умот;
  • Да го препознаете знаењето кое доаѓа од интуицијата и инспирацијата, за разлика од она кое произлегува независно од меморијата;
  • Да имате пристап кон интуицијата и информацијата тогаш кога ќе ви итреба;
  • Да користите разлачување, кое ќе ви помогне да воочите дека Вие не сте феномените со кои се среќавате во вашиот внатрешен и надворешен свет.

Како што ќе ги практикувате научените техники на овој курс, ќе го зголемите вашиот капацитет да останете неутрални при бурите во вашиот живот. Ова не е рамнодушност, туку често спомнуваната едност-со-сè која го афирмира животот. Ќе почнете да го искусувате ова на многу реален и опиплив начин.

„Научив да ја користам оваа тешко разбирлива алатка – инспирацијата, во секојдневието. Моментите на свесност станаа сè почести и го продолжениот Живот почна да се менува на многу реален начин – имаше се помалку и помалку емоции кои цицаат енергија и концепти кои го нарушуваат животот. Позади овој процес на прочистување се случи уште еден поважен развој: моментите на целосна свесност стануваа се подолги и почести. Почнуваш да се навикнуваш на нив, и учиш да ги забележуваш околностите кои влијаат на твојата свесност. Како да се продолжат овие периоди, и што да се прави со оваа нова состојба – овие се темите на последните два курса од низата предавања“ Вилле Јехе, 44 г., претприемач/Естонија

Уметноста на Свесната Промена V: Владеење со Животот Преку Свесно Користење на Информацијата, Анализата и Делувањето

Доколку редовно сте ги вежбале техниките научени на претходните курсеви, ќе искусите дека сте почнале поразлично, од порано,да функционирате, размислувате, гледата или да ги чувствувате работите. Како да се постапува во оваа нова, послободна состојба на постоење? Ние делуваме постојано,24/7. И секое делување дава резултат. На овој курс ќе научите:

  • Да разберете како животот на секоја личност е одреден од нејзините постапки и последиците кои следат;
  • Да ги одбирате вашите постапки вешто, со цел да се ослободите себеси од предодреденоста;
  • Како ефективно да навигирате со информациите кои го засегаат вашиот живот;
  • Како брзо да ги забележите настаните кои се случуваат во вашиот живот , да ги анализирате правилно и да го смените текот на настаните во даден момент, доколку тоа е потребно;
  • Свесно да ги започнете и да ги завршите вашите постапки и да постигнете свесни резултати во секоја област од вашиот живот.

„Мојата работа е да водам и организирам, и често слушам од луѓе дека завршувам многу работа за брзо време, а истовремено останувам внатрешно мирна. Благодарејќи на насоченото користење на внатрешните ресурси, научено на курсевите, мојата кондиција и ефективност повеќекратно пораснале. Во исто време, уживам во одлични односи со луѓето… Ти благодарам, Ингвар!“ Аве Оит, 38 г., лидер и едукатор/ Естонија

Резултати:

Како резултат од практикувањето на техниките научени на курсевите I-V од Уметноста за Свесна Промена, вашиот живот се префрлува на целосно ново ниво. Вие ќе станете вистински господар и насочувач на вашиот живот.

„Доколку сте успеале да владеете со делувањето, ќе ги надмините ограничувањата на човечкото постоење“ Ингвар Вилидо

Програма:

УМЕТНОСТА ЗА СВЕСНА ПРОМЕНА во 2014:

Курсевите за Уметноста за Свесна Промена се направени да се посетуваат по дадениот ред за да се унапредуваат вашите способности, чекор по чекор.

Курс IV Совладување на Свесноста, Интуицијата и Инспирацијата

23-ти до 26-ти август во Лилеору, Естонија.

Овој курс е направен за странски студенти. Тоа ќе биде уникатна, продолжена верзија на изворниот курс, засновано на потребите и интересите на учесниците. Топло Ве покануваме доколку се ги посетиле курсевите I-III и сакате да го посетите ашрамот на Ишварананда во Лилеору!

Променете се себеси и светот ќе се промени!

Подетелни информации:
ave.aradhana@gmail.com

Повеќе информации за предавачот тука
ГАИА

Бул. АСНОМ бр. 24 локал 3, 1000 Скопје
+389 70 72 36 31
+389 2 511 0234
info@homeopatija.com.mk

СЛЕДЕТЕ НЕ
error: Content is protected !!