Функционалните колонопатии се една од најчестите причини за консултации во општата медицина. За функционални колонопатии се зборува во случај на потешкотии во пасажата на дебелото црево без никакви органски пореметувања (со инфекции, паразити или тумор).

Станува забор за поставување на дијагноза по пат на исклучување: клинички преглед, колоноскопија, барање на паразити во столицата и т.н. не дава никакви резултати и се негативни. Диференцијално дијагностички функционалните колонопатии треба да се разликуваат од колитите, кај кои воспалителниот елемент веднаш се воочува и понекогаш е од основно значење.

Симптомите на функционалните колонопатии се разновидни. Се разликуваат три основни клинички форми:

  • Спастичен колит или раздразнето дебело црево.
  • Колонопатии со запек
  • Колонопатии со дијареа.

НАДРАЗНЕТО ДЕБЕЛО ЦРЕВО (Colon iritabile)

Се настојува да се користи овој термин, додека порано го именуваа како спастичен колит или мукомембранозен колит, и покрај тоа што тука не станува збор за воспалена лигавица.

Во клиничката слика доминираат спазмите. Тие се причината за стомачните болки, кои може да се локализираат насекаде во стомачната празнина. Често се приметува запек. Понекогаш може да има и дијареа, посебно наутро.

Nux vomica

Запекот е проследен со спазми, тенезми и лажни позиви за голема нужда. Често се јавуваат и болни хемороиди (пред се внатрешни).

Состојбата е често пропратена од различни  пореметувања на гастроинтестиналниот тракт: киселини, кисели подригнувања, сонливост при јадење, кои се подобруваат при краток сон и гадење наутро.  Овие симптоми може да ги приметиме најмногу кај нервозни индивидуи,  кои се возбудени агресивни и авторитативни. Може да се сретнат и кај луѓе кои често се предозираат со стимуланси или алкохол.

Во пониско разредување и почесто во текот на денот (бидејќи ефектот на лекот може да биде деактивиран поради користење на стимуланси и стредства за подобрување на варењето во кои често има ментол).

Ignatia

Спазмите се придружени со запек и се чести, но не се ефикасни позивите за дефекација. За забележување се честите болки во пределот на десната бедрена јама, и може да се доведе до погрешна дијагноза дека е апендицит.

Кај пациентите може да се приметат и други симптоми на хранопроводот (топка во грлото, спастично икање, аерофагија), така и во другите органи и системи (главоболка, тахикардија). Сите тие потешкотии се менуваат многу брзо, се влошуваат од вознемиреност и тага и се подобруваат, ако на болниот му се оттргне вниманието.

Вообичаено овие симптоми се гледаат кај лица со нервозен карактер, чувствителни и на најмало спротивставување.

Colocyntis

Спастичните болки се многу силни, пароксизмални, во облик на грч со прекинување, понекогаш молњевити. Се подобруваат од силен притисок, при превиткување на две и од топлина.

Може да се јават како резултат на силен гнев или бес и лутина.

Се дава во 5 C за време на спазмите, и се прати нивниот ритам.

Magnesia phosphoric

Патогенезата на ова лекарство е многу блиска до таа на Colocyntis, поради тоа терапевтските карактеристики се исти, но нервната компонента кај овој лек недостасува.

Исто дозирање.

Iris tenex

Лекарството делува на колитните болки, локализирани во апендикуларната регија. Се препишува во 5 C еднаш до два пати дневно.

Lycopodium

Thuja

Sulfur

Стомакот е болен. Начелно е метеоризам со многу цревни шумови и пуштање на смрдливи гасови. Може да има запек со тенезми или многу почесто утрински назадржливи дијареи, кои го скориваат болниот од кревет. Често хемороиди.

Во поголемиот број на случаи станува збор за пациенти со минато од псоричниот тип, склон кон претерување со храна.

Дозирањето зависи од симптомите на колитот.

error: Content is protected !!