Хомеопатија едноставно објаснета

25

Maj, 2017

Хомеопатијата е ефективен и научен систем на исцелување кој му помага на природното тежнеење на организмот да се излекува самиот себе. Хомеопатијата е метод кој го почитува принципот дека сите симптоми на болест се манифестација на дисхармонија на личноста во целост, и дека пациентот е тој на кој му е потребна терапија а не на неговата болест.

Татко на хомеопатијата е германскиот доктор на медицина Др. Самуил Ханеман (Samuel Hahnemann). Зборот хомеопатија е кованица од грчките зборови homeos – сличен и phatos – болест патење. Од оваа кованица произлегува и основниот принцип на хомеопатијата дека слично со слично се лукува. Или подобро објаснетоа ако патите од несоница поради голема возбуда, ќе земете Cofea toasta (кофеин) кој примен во поголеми дози ги предизвикува истите симптоми. Исто така во хомеопатијата покрај принципот на сличност се почитува и принципот на минимални дози. Значи хомеопатските препарати доаѓаат во повеќекратни разредувања, и нема јачина на хомеопатските препарати, разликата во разредувањата е што помалите разредувања имаат полокално дејство (делуваат на ринореата и кијавицата), за разлика од повисоките кои делуваат посистематски (делуваат целосно на сите симптоми на поленската грозница).

Хомеопатските препарати можат да бидат од растително, животинско и минерално потекло.
А ефектот на нивното дејство се состои во тоа што ги стимулираат механизмите на исцелување на самиот организам. Како на пр. Во случајот со несоницата наместо класичната терапија која ќе предизвика вештачки сон, кој никогаш не резултира со одмореност, а крајноит ефект од таа терапија е што по додолго користење нема да делува а кај вас ќе предизвика зависнот. Додека со хомеопатијата се воспоставува рамнотежа, и при тоа ќе се чуствувате наспано и одморено, а резулатот ќе биде повеќе да не ги користите хомеопатските препарати. Тука е важно да се напомене дека хомеопатските препарати  не се користат доколку нема симптоми.

Во издавање на хомеопатската терапија најголем акцент се става на пациентот како потполна личност, а не како издвоена болест. Поради тоа во хомеопатијата за едно исто заболување се идаваат различни препарати на различни пациети. Пр. Во случај на труење со храна кај пациентите со поизразени симптоми на повраќање и гадење се издава Nux Vomica, додека кај пациентите со поизразена дијареа се издава Aloe.

Хомеопатијата има цел спектар на дејство, како на акутни така и на хронични заболувања. Всушност нема ограничување во хомеопатската терапија, бидејчи нема несакани ефекти и не создава зависнот. И поради тоа се препорачува како терапија на сите потешкотии за време на бременоста, кај децата и кај старите и изнемоштени лица.

За да ја примите најсоодветната за вас терапија потрудете се да бидете што е можно поискрен со вашиот Хомеопат. Кажете му за терапијата што ја користите. И посетете го хомеопатот со желба да оздравите а не само за да ја тестирате терапијата. Хомеопатијата постои 200 години, и од податоците од Светска Здравствена Организација е на второ место по користење од здравствените услуги. На прво место е Кинеската медицина.

Бидете едно со себе, недозволувајте болеста да ве издвои од животот. Помогнете си да ја воспоставите рамнотежата и здравјето да не ви претставува цел туку состојба.

 

ГАИА

Бул. АСНОМ бр. 24 локал 3, 1000 Скопје
+389 70 72 36 31
+389 2 511 0234
info@homeopatija.com.mk

СЛЕДЕТЕ НЕ
error: Content is protected !!