Компасот на нашето здравје

25

Maj, 2017

 

Компасот ни служи како навигациона алатка. Најважниот дел од оваа алатка е магнетизираната игла, но доколку не се обележат четирите правци под иглата, употребата на иглата е вон контекстот. Со која цел иглата би покажувала на Север,ако ние не сме во состојба да го прочитаме тоа.

Со промената на годишните времиња се менува и самата состојба на нашето тело. Доколу сме во совршен ритам со нашето тело ќе може да почуствуваме како со промената на годишните времиња се менуваат и потребите на нашето тело. Потребата за поинаква храна, поинаква облека па и поинаков начин на однесување. Во нашето тело постои еден совршен компас кој секогаш ни покажува кон што треба да се движиме. Но поради многу причини имаме заборавено да го следиме ритамот на нашето тело, и да ги читаме знаците кое тоа ни ги праќа.

Есен, прекрасно годишно време кое луѓето кои живеаат во континентална клима го имаат ексклузивитетот да го почуствуваат. Почетокот на ова годишно време најчесто е одбележан со „настинки“. Односно со течење на ностот, може и некоја блага катарална ангина, и понекогаш и кашлица. Најчето честиве есенски „настинки“ ги поврзуваат со тргнувањето на децата во градинка или училиште. За многу родители многу стресни денови. Но не само за родителите туку за сите кои есента ја дочекуваат како некоја страшна закана.

Есенската „настинка“ воопшто не е настика. Тоа е нормален ритам на нашето тело кое на почетокот на есента се чисти од вишокот на јин, односно од вишокот на разладувачка енергија која ни беше потребна во текот на летото. Есента е преодно годишно време кое полека не спрема кон зимата, која самата по себе носи разладувачка енергија. Поради тоа на нашето тело му е потребно да се загрее и да ја дочека зимата спремно. Поради тоа се прочистува од вишокот на јин, и тоа најчесто се манифестира со течење на носот како чешма, солзење на очите и бага катарална ангина, а понекогаш и кашлица. За да си помогнете на себе и да не дозволите состојбата да еволуира наједноставно е да намалите со внесување на голема количина на овошје и шеќери (навика од летото, која по инерција ја следиме и на почетокот на есента), да намалите со користење на ладни пијалоци кои може да ги замените со чаеви. Самото време наложува да ја смените облеката, и веселите бои на летото да ги замените со есенски тонови. И секако летното одмарање да го замените со поинтензивна работа (значи и промена во нашето однесување). Ова е нормалниот ритам на нашето тело.

Грешките се случуваат така што како превенција на оваа есенска настинка почнуваат да се користат антибиотици. Инаку во коренот на самиот збор антибиотик (превод од грчки анти-птотив, биотикос-погодно за живот) спротивно на животот, доволно кажува дека треба да се користи многу внимателно и во услови за кои нема друг избор. Антибиотикот во случај на чистење на организмот, или пак дури и да има некоја вирусна инфекција нема да може да направи ништо. Бидејќи ниту еден од познатите антибиотици не е во состојба да се избори со ниту една вироза. Значи знтибиотик внесен во организмот кога за неко нема неопходна причина делува спротивно на нашите клетки од имуниот ситем и ја корумпира нивната работа. Едноставно кажано ни го намалува имунитетот до тој степен што стануваме многу чуствителни на инфекции, и тоа посебно на опуртунистичките бактерии кои нормално живеат во нашиот организам но не ни прават никаква штета.

Поради тоа многу од овие обични настинки лесно прераснуваат во бронхити или пак алергии. Причината е што нашиот имунитет не е во состојба да не заштити. Неговата улога ја преземаат антибиотиците. Но поради злоупотреба на антибиотиците голем број на бектериите станаа отпорни на истите и му се закануваат на човештвото како некоја страшна ламја.

Бидете мудри, следете го внатрешниот компас на вашето тело. Не сравувајте од ниту едно годишно време. Дочекајте го спремни со радост и полно здравје. Ако надвор е ладно, само облечете се потопло, напите се топла супа и зграбете го денот.

ГАИА

Бул. АСНОМ бр. 24 локал 3, 1000 Скопје
+389 70 72 36 31
+389 2 511 0234
info@homeopatija.com.mk

СЛЕДЕТЕ НЕ
error: