Nux vomica

Болниот се жали на грчеви и горење во пределот на епигастриумот; често има чуство на тежина.

Потешкотиите се појавуваат најчето при прејадување и злоупотреба на алкохол и различни стимуланси (кафе, силни запршки и др.) или лекови. Се влошува час-два по јадење; веднаш по јадење на болниот му се приспива; сите потешкотии се подобруваат по кратка дремка.

Често се набљудуваат попатни симптоми: лажни позиви за повраќање, обложен јазик посебно во задниот дел, лош здив, спастичен запек со лажни позиви, хемороиди.

Овој препарат посебно се препорачува за премногу чувствителни, раздразнети, преуморни индивидуи кои водат седечки начин на живот.

Ignatia

Стомачните појави се променливи и парадоксални: колики, спазми, горење и др. Локализацијата на болката е исто така променлива.

Потешкотиите најчесто се јавуваат како резултат на емотивен стрес: мака, раздразнетост, загуба на близок. Модалностите не се типични: најкарактеристично е влошувањето околу 11 часот претпладне, и подобрување од разонода (забава).

Попатните симптоми се исто така многу променливи: прозевање, длабоки воздишки, чувство за топка во грлото (globus hystericus), гадење кое се смирува при јадење, срцебиење…

Лекарството е соодветно за невровегетативна дистонија кај емотивно пречуствителни пациенти, кои често имаат парадоксално однесување и чуствуваат силна тревожност.

Lachesis

Тука потешкотиите се со колики или болки во епигастриумот, кој е болен при палпација.

Вообичаено се јавуваат како резултат на злоупотреба на алкохол, но се среќаваат често и при менопауза. Се засилуваат од топлина, од стегање (болниот неможе да трпи каиш) и при спиење.

Соодветно на случајот попатнисте симптоми можат да бидат предменструален синдром, топли бранови, хемoроиди и ректорагија. Lachesis е соодветен за индивидуи со зацрвенето лице или лице со пеги. По темперамент се недоверливи, нервни и циклични, лесно од многу зборлести стануваат молчеливи.

error: