Pulsatilla

Кај овој препарат гастроинтестиналните симптоми се променливи; чуствуваат тежина во епигастриумот и понекогаш раздразнителни болки. Често болките се резултат на конзумирање на мрсна храна (Pulsatilla е еден од основните препарати кои се издаваат во случаите каде имаме лош метаболизам на мрснотиите), слатки или сладолед. Болките се јавуваат еден до два часа по јадење, се влошуваат од топлина во просторијата и се подобруваат на воздух.

Попатни симптоми се дијареа и прозевање. Болните се зимурничави и не се жедни. Pulsatilla добро делува кај луѓе кај кои се застапени карактеристики на чувствителниот тип: венозен застој (варици, акроцијаноза), катар на лигавиците;тие индивидуи кои не поднесуваат добро мрсна храна, се многу чувствителни и плашливи.

Sepia

Симптоми- тежина, гребење, чуство на полност или обратно, за празнотија- со локализација во епигастриумот. Тие често се сведоци за птоза на желудникот или жолчниот меур или пак се последица од стрес.

Се вошуваат од мирис на готвено, а чуството на празно во стомакот не исчезнува при јадење.

Попатни симптоми се желба да јаде кисело, гадење наутро, тежина во стомакот и малата карлица, опстипација и чувство на топка во ректумот и хемороиди.

Овој препарат е соодветен за слаби луѓе со кафеави кругови околу очите и устата, со тенденција на психастенија, при што се приметуваат симптоми истовремено на псоричниот и на сикотичниот реактивен тип (пореметување на црниот дроб, портална хипертензија, уро-генитални инфекции, микози..)

Thuya

Потешкотиите се локализирани предимено во пределот на стомакот. Пред сè има силно изразена флатулентност, кркорење, хидроаерични шумови, кои се должат на воздух во стомакот и дебелото црево. Се засилуваат два до три часа по јадење, од ладно, од лук и храна која содржи глутен и се подобрува од топлина.

Попатните симптоми не се карактеристични: гадење, понекогаш диjареа.

Thuyata е посебно карактеристична за полни, зимурливи индивидуи, кои се склони кон фобии (посебно канцерофобиа), и каде се приметуваат симптомите карактеристични за сикотичниот реактивен тип: хроничен катар на лигавиците, кожни промени и др.

За диспепсиите може да се искористат и некои други лекарства, по специфично Argentum nitricum, Lycopodium clavatum и др. Општо прифатено е дека гастродуоденалниот улкус е психосоматско заболување, последица од реакцијата на стрес.

error: