хомеопатија.мк - се за хомеопатија на едно место ...
ГАИА
ПочетнаПроектиАдресарЗа насКонтакт   Изберете јазик:  EnМк
   Хомеопатија?    СтатииЛинкови  Курсеви за хомеопатија  Школа за хомеопатија  Најава за студенти

Сулфур

Lorem Ipsum is simply dummy text of the printing and typesetting industry. Lorem Ipsum has been the industry's standard dummy text ever since the 1500s, when an unknown printer took a galley of type and scrambled it to make a type specimen book. It has survived not only five centuries, but also the leap into electronic typesetting, remaining essentially unchanged. It was popularised in the 1960s with the release of Letraset sheets containing Lorem Ipsum passages...
Што е Хомеопатија?
Ви препорачуваме:

Флашка Македонија - Вашиот омилен извор на вода ...
Бебе Слинг - За полесно родителство и повесело и посреќно детство ...
SURYA - студио за духовни дисциплини

Почитувани вљубеници во Хомеопатијата,

Имаме чест да Ви ги претставиме ХОМЕОПАТСКИТЕ ЛЕКОВИ кои се регистрирани и за првпат достапни во Македонија.
Производите се од врвниот производител на хомеопатски лекови HELIOS HOMEOPATHY од Велика Британија.

ХОМЕОПАТСКИ ЛЕКОВИ:
ACONITE 30C pillules
APIS 30C pillules
ARNICA 30C pillules
ARSENICUM 30C pillules
BELLADONNA 30C pillules
BRYONIA 30C pillules
CANTHARIS 30C pillules
CHAMOMILLA 30C pillules
GELSEMIUM 30C pillules
HYPERICUM 30C pillules
IGNATIA 30C pillules
LEDUM 30C pillules
MERC VIV 30C pillules
NUX VOMICA 30C pillules
PULSATILLA 30C pillules
RHUS TOX 30C pillules
RUTA 30C pillules
SILICA 30C pillules
HOMEOPATHY BASIC 18 KIT

Содржина на поединечно пакување: 100 пилули.
Содржина на хомеопатскиот комплет: 18 пакувања X 30 пилули

ХОМЕОПАТСКИТЕ ЛЕКОВИ ќе бидат достапни во следниве аптеки:

ВО СКОПЈЕ
ПЗУ АНДРЕА-ЛЕК / адреса: ул. 11-ти Октомври бб, лок.316 / тел: 3 225 422 (на раскрсницата кај Тутунски Комбинат)
ПЗУ ДНА АННИ ФАРМ / адреса: ул. Исаија Мажовски бр.44, лок. 5 / тел: 2 044 287 (нас. Хром)
ПЗУ ОРХИДЕЈА Б / адреса: бул. Јане Сандански, бр.7 / тел: 6 090 350 (во Т.Ц. Три бисери)
ПЗУ МАРИЈА ГАЛЕН ФАРМ / адреса: ул. Мајаковски, бр 3, лок.1 / тел: 3 212 760 (кај Броз кафе, наспроти Универзална сала)
ПЗУ МАК ФАРМ / адреса: ул. Веселин Маслеша, бр. 5 / тел: 3 071 289 (кај Тинекс, до Драмски театар, Карпош 2)
ПЗУ ОСКАР ЛЕК / адреса: ул. Илинденска, бр. 48 / тел: 3 132 227 (кај Влада)

ВО КАВАДАРЦИ
ПЗУ ЛЕК-ЕКСКЛУЗИВ / адреса: ул. Киро Крстев, бр.1 / тел: 043/415 978

ВО НЕГОТИНО
ПЗУ ПЕОНИЈА / адреса: ул. Маршал Тито, бр.150 / тел. 043/365 340

ДИСТРИБУТЕР: ДИСАКО ДООЕЛ / адреса: Јуриј Гагарин 6а, Скопје / тел: 3 091 190

ВОВЕД


Хомеопатијата е природна медицинска наука која ја препознава нашата единственост. Сите ние сме индивидуи со одредени предности и слабости, па не е изненадување што кога ќе се разболиме, секој од нас реагира на сопствен начин. Дури и ако ја фатиме истата настинка како нашиот сосед или колега, одговорот на нашиот организам може значајно да се разликува од одговорот на нивниот.
Користејќи го основниот принцип слично со слично се лекува, хомеопатијата зела широк спектар на природни супстанции и внимателно ги следела симптомите што ги предизвикуваат овие супстанции кај здрави луѓе. Поклопувањето на овие симптоми, колку што е можно поблизу, со индивидуалните и поединечни симптоми кои ги имаат луѓето , ја поттикнува нивната сопствена исцелувачка енергија да ги врати во здрава состојба. Резултатите се честопати извонредни, со оздравувања кои се брзи, нежни и постојани.

ШТО Е ХОМЕОПАТИЈА?
Иако првпат се среќава во записите на Хипократ од пред 2500 години, хомеопатијата како што се практикува денес еволуирала пред 200 години. Зборот има грчко потекло и значи „слични страдања“. Ова се однесува на основната филозофија дека супстанцијата која предизвикува одредени симптоми кај здраво лице, може да ги излечи истите тие симптоми кај болно лице. На пример, на лице кое страда од поленска грозница, може да му се даде лек подготвен од кромид, бидејќи здраво лице кое сечка кромид обично има насолзени очи и надразнетост. Слично, на оној кој страда од несоница, може да му се даде хомеопатска доза на кафе.

ДАЛИ Е БЕЗБЕДНА ХОМЕОПАТИЈАТА?
Да. Со оглед на тоа што супстанциите се даваат во минимални дози, се избегнуваат несакани ефекти, а тоа ги прави безбедни да се користат дури и при состојби во коишто конвенционалните лекови би биле непрепорачливи и опасни, како на пример за време на бременост или при третман на деца.

КАКО ДЕЈСТВУВА ХОМЕОПАТИЈАТА?
Иако постојат голем број емпириски докази дека хомеопатијата навистина дејствува, с? уште никој не знае како, на кој начин. Оние кои се скептични посочуваат дека хомеопатските лекови честопати се толку разредени што не останува дури ниту една молекула од оригиналната супстанција, па заклучуваат дека кој и да е делотворен одговор најверојатно се должи на плацебо-ефектот. Ова објаснување звучи речиси неверојатно, бидејќи експериментите покажале дека хомеопатските лекови се еднакво ефективни и при третман на животни.
Одговорот на оваа мистерија веројатно ќе го пронајдат оние кои се занимаваат со квантна физика и електромагнетизам. Производството на хомеопатски лекови вклучува два основни процеси: разредување и сукусија (протресување и удирање врз површина). Се смета дека комбинацијата на овие процеси остава енергетски печат на оригиналната супстанција врз растворувачот. Овој енергетски печат на хомеопатскиот лек на некој начин ја стимулира сопствената исцелувачка енергија на телото да почне да делува.
ПО ШТО СЕ РАЗЛИКУВА ХОМЕОПАТИЈАТА ОД КОНВЕНЦИОНАЛНАТА МЕДИЦИНА?
Хомеопатијата има холистички пристап. Тоа значи дека во нејзиниот фокус е целокупната личност. Духовното, менталното, емоционалното и физичкото ниво на личноста се меѓусебно целосно поврзани и ниту едно не треба да се разгледува изолирано. Основната идеја е дека симптомите не се причина за болеста, туку тие само покажуваат дека постои отстапување од лагодноста, спокојството. Со симптомите телото не предупредува дека нешто не е во ред и дека се обидува повторно да воспостави рамнотежа.
Едноставна споредба е ако замислите дека додека возите автомобил, се вклучува црвената светилка која предупредува за маслото. Не се разбирате во автомобили, па одлучувате да го однесете автомобилот на автомеханичар. Кога доаѓате да го земете, црвената светилка веќе не свети, па откако ќе ја платите сметката, среќни си заминувате. Сосема природно, претпоставувате дека проблемот е решен. Но, дали ќе се чувствувате задоволно ако подоцна откриете дека автомеханичарот едноставно ја одвртел црвената светилка?
Хомеопатијата е вистински холистички метод, бидејќи гледа на симптомите како на корисни индикатори, кои ќе бидат водители во третирање на индивидуата и нејзиниот дисбаланс. Наместо едноставно да ги отстрани симптомите, таа го отстранува централното нарушување на енергетската рамнотежа на поединецот. А кога тоа ќе се направи, симптомите и онака исчезнуваат, бидејќи предупредувањата кои тие се обидуваа да ги дадат, стануваат непотребни.

МОЖАМ ЛИ ДА ЗЕМАМ ХОМЕОПАТСКИ ЛЕКАРСТВА ИАКО ВЕЌЕ ЗЕМАМ ДРУГИ ЛЕКАРСТВА?
Да, сосема е безбедно да се направи тоа. Како и да е, не треба да се обидувате да го редуцирате земањето на другите лекарства без надзор од квалификуван хомеопат или лекар. Важно е да му кажете на вашиот хомеопат за сите лекови кои ги земате. Општо правило е дека хомеопатот нема да ве советува веднаш да престанете со земање на препишаните лекарства. Да се надеваме дека како што напредува хомеопатскиот третман, потребата од други лекови постепено и внимателно ќе се намалува. Со оглед на тоа дека секој случај е различен, ова е нешто што треба да се продискутира во текот на вашата консултација со хомеопатот.

КОИ СОСТОЈБИ МОЖАМ ДА ГИ ТРЕТИРАМ САМОСТОЈНО?
Како што може да се види од овој прирачник, со мал напор самостојно може да се третира широк спектар на повреди или акутни промени. За да се дефинира една промена како акутна, таа треба да се развие брзо и тоа во три фази. Во првата фаза едноставно не се чувствувате добро, потоа се јавуваат јасно препознатливи симптоми, а третата фаза е фаза на закрепнување, односно кога симптомите почнуваат да се подобруваат. Примери за акутни промени се кашлица, настинка, конјунктивитис, циститис, грип, труење од храна, морбили, заушки, варичела, морска болест итн.

ЗОШТО ТРЕБА ДА ИМАМ ШИРОК ИЗБОР НА ЛЕКОВИ ДОМА?
Повредите и акутните промени од различна природа се случуваат непредвидено, во време кога можеби е тешко или невозможно да се купат хомеопатските лекови. Затоа е добра идејата дома да се има поширок спектар на лекови. Колку повеќе лекови имате, толку полесно ќе направите избор на лек кој поблизу ќе им одговара на симптомите и кој може да ги излекува. Затоа ви го препорачуваме дома и за пат да го имате хомеопатскиот комплет.

КОГА ТРЕБА ДА КОНСУЛТИРАМ КВАЛИФИКУВАН ХОМЕОПАТ?
Доколку имате сериозна состојба или состојба која се повторува или пак сте имале бројни акутни промени во последниот период, секогаш е најдобро да консултирате квалификуван хомеопат. Запомнете, хомеопатијата може да лечи што и да е, дури и проблеми без јасна дијагноза, бидејќи таа ја третира индивидуата, а не болеста.


ПРЕД ДА СЕ ИЗБЕРЕ ХОМЕОПАТСКИОТ ЛЕК:
За успешна примена на хомеопатските лекови потребно е да се следат двата основни закони на хомеопатијата:
ЗАКОНОТ НА СЛИЧНОСТ значи совпаѓање на сликата симптоми на промената со сликата симптоми на хомеопатскиот лек. За да ви помогне да го направите тоа, овој прирачник има два посебни дела. Прво се опишани состојбите кои може да ги третирате, а потоа следи мала Материја медика во која е кратко опишана сликата симптоми на 18 најчесто употребувани лекови. Почнете со барање на симптомот што сакате да го третирате и забележете ги лековите кои можат да помогнат. Потоа, пред одредување на лекот, вратете се на Материја медика и проверете кој опис најмногу одговара на личноста за која е наменет лекот. Доколку сте дале две или три дози од одреден лек без каква и да е реакција, веројатно е направен погрешен избор. Тоа нема да наштети, но обидете се повторно да најдете лек што посеопфатно ќе одговара на сликата симптоми.
ЗАКОНОТ НА МИНИМАЛНА ДОЗА значи користење на колку што е можно помала доза од лекот, која ќе го стимулира сопствениот исцелувачки механизам на телото. Дадете една доза (една мала пилула) и почекајте да видите какво олеснување ќе предизвика таа. Ако има реакција на лекот (подобрување или влошување на симптомите), не земајте повеќе од него. Повторете ја дозата само ако запре првобитното подобрување пред да се постигне целосно закрепнување на организмот или ако повторно се врати истиот симптом (во случај на релапс). Ако симптомите значајно се променат, изберете нов лек кој одговара на новата слика Ако се сомневате - почекајте. Давање на повеќе лек од потребното нема да го подобри или забрза дејството на лекарството, но ќе ја спречи ефективноста на лекот.
Со користење на овие два закони хомеопатијата обезбедува комплетно индивидуално препишување и дозирање, кое ја третира промена на состојбата на секоја индивидуа како единствена.

ДРУГИ ФАКТОРИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ЗЕМАТ ПРЕДВИД:

АНТИДОТИРАЊЕ
Одредени супстанции се познати по своето противдејство кон некои хомеопатски лекови кај одредени луѓе. Затоа се препорачува, колку што е возможно, да се избегнуваат овие супстанции: кафе (вклучувајќи го и бескофеинското), чај од нане, ментол (посебно во паста за заби), камфор, еукалиптус (често се наоѓа во растворите за инхалирање, мастите за протривање при настинка и гуми за џвакање). Лековите се чуваат на ладно и темно место, подалеку од силни миризби и надвор од дофатот на деца.

ЗЕМАЊЕ НА ЛЕКАРСТВАТА
Хомеопатските лекови се деликатни и со нив треба внимателно да се ракува. Допирајте ги што е можно помалку. Истресете една пилула во капакот од шишенцето и без да ја допирате со рака, ставете ја директно под јазикот. Ако е можно, лекот треба да се земе петнаесет минути пред или по јадење или пиење, миење на забите или пушење. Ова не се однесува на итни случаи, кога лекот треба да се земе што поскоро. Лекот може и да се здроби и да се раствори во мала количина вода, па да се пие полека, но никако да се проголта пилулата со вода, чај или кафе. Пред повторување на дозата прочитајте го внимателно Законот за минимална доза. Ако симптомите не се подобрат или постојано се враќаат, консултирајте квалификуван хомеопат.
При посета на хомеопатот дискутирајте за самолекувањето што сте го направиле.

БЕЗБЕДНОСТА НА ПРВО МЕСТО
Сериозните повреди и болести никогаш не треба да бидат третирани без стручна помош. Користете ги вашите инстинкти и здрав разум. Aко сте загрижени - прво повикајте помош, а додека ја чекате помошта, дадете го соодветно хомеопатско лекарство. Ако се сомневате, проверете тука...
ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ЗНАЦИ за кои треба неизоставно веднаш треба да побарате лекарска помош:
  • болка во градите, тешка
  • болки во грбот или треска, со уринарна инфекција
  • вид, изгубен или влошен
  • главоболка, силна
  • говор, изгубен или оштетен
  • движење, во целост, изгубено или ограничено
  • делириум
  • дехидратација, посебни кај бебиња, мали деца или постари
  • дишење, брзо, плитко или тешко
  • жолтило, на кожата или очите
  • изгореници, сериозни или поголеми од дланка
  • измет, светол или бел
  • конвулзии
  • конфузија, по траума или по изложеност на сонце
  • крвавење, силно или необјасниво
  • недостаток на жед, проследено со температура, дијареја или повраќање
  • оток, брз или сериозен (особено на устата или грлото)
  • повраќање, неочекувано и кое се повторува
  • поспаност, необјаснива или неочекувана
  • прободна рана, во близина на витални органи
  • свест, изгубена или намалена
  • температура, висока над 40°C или постојана или со вкочанет врат
  • течност, водена/крвава, од ушите или носот по повреда на главата
  • траги, црвени, ја одбегнуваат раната
  • урина, обилна или оскудна или крвава



НЕКОИ ВООБИЧАЕНИ ПОТЕШКОТИИ И СИМПТОМИ ПРИ КОИШТО МОЖЕ ДА ПОМОГНАТ ХОМЕОПАТСКИТЕ ЛЕКОВИ
Ве молиме запомнете! За да направите точен и ефективен избор на лек, важно е прво да го прочитате описот на лекот даден во Мини материја медика (МММ), која следи по овој дел.

НЕЗГОДИ, ПОВРЕДИ (види СКРШЕНИ КОСКИ, ФРАКТУРИ, ПОВРЕДИ и РАНИ)
Дадете веднаш Arnica 30c.

АНКСИОЗНОСТ (види МММ)
Со треска - Aconite 30c или Arsenicum 30c; преуранета, со дијареја - Gelsemium 30c; со чувство на одземеност или растрепереност - Gelsemium 30c.
Види исто така преуранета, со дијареја - Argentum Nitricum 30c; преуранета – Lycopodium 30c.


НАПАДИ
На страв - Aconite 30c; На шок- Arnica 30c..


КАСНУВАЊА И УБОДИ (види МММ)
Црвено, топло, отечено место, ладна облога подобрува - Apis 30c; Сино, ладно, отечено место, ладна облога подобрува - Ledum 30c; Каснување од животни, со прободна нервна болка - Hypericum 30c; Синкаво околу каснатото место – Lachesis 30c; Многу болно, допир влошува – Staphisagria 30c.


ПРОКРВЕНИ ПЛИКОВИ (МЕУРЧИЊА)
Веднаш после повредата -Arnica 30c


ПОТЕШКОТИИ ПРИ ДОЕЊЕ
Тврда, раскрвавена, врела, црвена дојка - Belladonna 30c; тврда, раскрвавена, врела, бледа дојка, влошување при движење - Bryonia 30c; апсцес со миризлив, нагризувачки гној- Merc Viv 30c; апсцес кој бавно се лекува - Silica 30c; остри болки во левата дојка за време на доење – Silica 30c; премногу млеко - Pulsatilla 30c; бебето го повраќа мајчиното млеко или има колики - Silica 30c.
Исто така се препорачува:
Ако надоаѓањето на млеко варира во голема мера - Urtica Urens 30c; за болно доење со испукани брадавици, со болка што зрачи - Phytolacca 30c; апсцес со гној, исклучително болен - Hepar Sulph 30c; премалку млеко - Dulcamara 30c.


СКРШЕНИ КОСКИ (ФРАКТУРИ)
Пред местење - Arnica 30c; полошо при најмало движење, прободна болка - Bryonia 30c.
Исто така се препорачува: Само по местење - Symphytum 6c една доза навечер и Calc Phos 6x една доза наутро во тек на 7 дена.


МОДРИНКИ
На меките ткива - Arnica 30c (може да се аплицира и Arnica крем/маст, но исклучиво на неоштетена кожа).
Исто така се препорачува: За длабоки ткива (на пример, контузија на градите) - Bellis Perennis 30c.


ИЗГОРЕНИЦИ
За шокот - Arnica 30c; ако на повреденото место му е попријатно од ладно - Cantharis 30c; ако на повреденото место му е попријатно од топло - Arsenicum 30c; за длабоки изгореници кои заздравуваат бавно – Kali Bich 30c.
Исто така се препорачува: Urtica Urens крем надворешно за смирување на помали изгореници; за сериозни изгореници - веднаш да се побара медицинска помош.


МАЛИ СИПАНИЦИ (види МММ)
Осип кој многу чеша, со екстремен немир - Rhus Tox 30c; со треска и страв - Aconite 30c; со треска и пулсирачка главоболка - Belladonna 30c; со кашлица, без чувство на жед - Pulsatilla 30c; ако пликовите гнојат, со непријатен мирис - Merc Viv 30c.
Исто така се препорачува: осип кој бавно се појавува, со кашлица - Ant Tart 30c; Користете Calendula крем/маст или талк надворешно, но да се почека додека осипот целосно не се појави.


ИЗМРЗНАТИНИ
Топли, со свраб, полошо од топлина - Pulsatilla 30c. Темно црвено воспаление, полошо од ладно - Rhus Tox 30c.
Користете Calendula крем/маст надворешно, ако местото е распукано.


НАСТИНКИ
Во рана фаза - Aconite 30c. Тенок, воден, секрет од носот кој пече - Arsenicum 30c; густ, благ, обилен секрет, без чувство за жед - Pulsatilla 30c; слично на грипозна болка, без чувство на жед - Gelsemium 30c; бавно се развива - Silica 30c.
Исто така се препорачува: за густ, жолт, леплив секрет - Kali Bich 30c; со кивање и капење од носот - Natrium Mur 30c.


ХЕРПЕС НА УСНИТЕ
Се препорачува Rhus Tox 30c.
Исто така се препорачува: Sepia 30c; на усните, во устата, предизвикан од сонце -Natrium Mur 30c.


КОЛИКИ
Подобро од свиткување кон напред - Belladonna 30c; со треска и грчеви - Nux Vom30c; полошо од најмало движење, подобро од топло и притисок (со свиени колена) - Bryonia 30c.
Исто така се препорачува: за намалување на болката - Mag Phos 30c; ако проблемите настапуваат по понижување - Staphisagria 30c.


ОПСТИПАЦИЈА (ЗАПЕК)
Со неуспешен нагон, недовршен осет, за време на бременост - Nux Vom 30c; со оскудна столица, која се лизга, враќа назад – Silica 30c; голема сувост/жед, понекогаш со главоболка - Bryonia 30c.
Исто така се препорачува: тврда, тешка столица - Lycopodium 30c; столица со изглед на измет од овца (мали топчиња) - Natrium Mur 30c; со чувство на грутка, не е подобро по празнењето - Sepia 30c; дебела сува столица, со болни напнувања –Sulphur 30c.


КАШЛИЦА
По изложеност на сув студен ветар - Aconite 30c; сува кашлица со болка во градите и главоболка - Bryonia 30c; сува ноќна кашлица, која попушта наутро - Pulsatilla 30c.
Исто така се препорачува: со зарипнатост/болки во грлото - Hepar Sulph 30c; гласна зарипната, (громогласна) кашлица, со повраќање - Ant Tart 30c; со сино лице, повраќа слуз - Drosera 30c; со крвавење од носот -Drosera 30c или Ipecac 30c; со модрило, вкочанетост, мачнина, повраќање - Ipecac 30c.


КРУП (СПАЗМИЧЕН ЛАРИНГИТ)
Прв избор кој го намалува придружниот страв - Aconite 30c.
Исто така се препорачува: ако Aconite не помогне, нападот е околу полноќ – Spongia 30c; нападот е во раните утрински часови - Hepar Sulph 30c; за време на будење, со чувство на грутка - Lachesis 30c.


ЦИСТИТИС
Болки што сечат или печење пред, за време или по мокрење - Cantharis 30c; печење епри мокрење - Apis 30c; печење за време на или по мокрење, полошо при лежење - Pulsatilla30c.
Исто така се препорачува: по сексуален однос - Staphisagria 30c. Ако симптомите продолжат, побарајте стручна помош.


ДЕНТАЛЕН ТРЕТМАН
Пред ставање на пломба или вадење на заб - Arnica 30c; пред третман ако лицето е плашливо - Aconite 30c; по третманот - Arnica 30c; секавична болка на нервот по третманот - Hypericum 30c; симптоми на настинка или грип, по живина пломба - Merc Viv 30c; крвавење од непцата по третман - Arnica 30c.
Исто така се препорачува: за болни, расечени гингиви - Calendula 30c или Staphisagria 30c.


ДИЈАРЕА
Со очекувана анксиозност - Gelsemium 30c; заедно со повраќање, предизвикана од труење со храна - Arsenicum 30c.
Исто така се препорачува: со очекувана анксиозност - Arg Nit 30c; само при будење - Sulphur 30c; за исцрпеноста кој следи - China 30c.





БОЛКИ ВО УШИТЕ
Од ладно, со силни болки, немир и страв - Aconite 30c; убодни болки, полошо при голтање - Apis 30c; пулсирачка болка, со висока температура - Belladonna 30c; неподнослива болка, се влошува при ветровито време - Chamomilla 30c; по пливање - Chamomilla 30c; со миризлив исцедок, исцедок помешан со крв - Merc Viv 30c; свраб во увото, зголемено голтање - Nux Vom 30c; црвено уво однадвор - Pulsatilla 30c; со чувство на притисок зад тапанчето, Pulsatilla 30c; по мали сипаници - Pulsatilla 30c; блокирано со цврст церумен - Silica 30c.
Исто така се препорачува: пулсирачка болка, при бавно избивање на забите - Calc Carb30c; болка како бодежи од игла, со миризлив исцедок - Hepar Sulph 30c; убодна болка, полоша на левата страна - Kali Bich 30c; со болка во грлото, полоша на левата страна - Lachesis 30c; со болни шумови во увото - Sulphur 30c.


ВОСПАЛЕНИЕ НА ОЧИТЕ
Горните и долните капаци се црвени и отечени, со жешки солзи - Apis 30c; со студ, густ, жолт, миризлив исцедок, Pulsatilla 30c; обилно навлажнување, предизвикано од блокирање на солзниот канал - Silica 30c.
Исто така се препорачува: промивка во разредена тинктура од Euphrasia или Hypercal.


ПОВРЕДИ НА ОЧИТЕ
Со модрило и/или шок - Arnica 30c; по претрпен страв од повредата - Aconite 30c; поцрнета модринка - Ledum 30c.
Исто така се препорачува: ако Arnica не помогне и повредата на окото е сама по себе - Symphytum 30c; со чувство на лутина (гнев) - Staphisagria 30c.


ЗАМОР НА ОЧИТЕ
Ruta 30c.


ИСЦРПЕНОСТ
По поголем физички напор - Arnica 30c.
Исто така се препорачува: по нервна исцрпеност - Kali Phos 6x.


ТРУЕЊЕ СО ХРАНА
Посебно по консумација на месо - Arsenicum 30c; по консумација на лоша риба - Pulsatilla 30c.
Исто така се препорачува: по консумација на школки - Lycopodium 30c.


ГРИП
Можни се повеќе лекови. Проверете МММ за да проверете кој од следниве лекови се соодветни: Arsenicum 30c, Bryonia 30c, Gelsemium 30c, Nux Vomica 30c, Rhus Tox 30c.
Исто така се препорачува: Ipecac 30c.


ФРАКТУРИ
Ако болката и отокот се сериозни - Arnica 30c; со секавична, прободна, нервна болка - Hypericum 30c; ако најмало придвижување предизвикува силна болка - Bryonia 30c.


СТОМАЧЕН ГРИП
Можни се повеќе лекови. Проверете МММ за да проверете кој од следниве лекови се соодветни: Arsenicum 30c, Bryonia 30c, Gelsemium 30c, Pulsatilla 30c, Nux Vomica 30c.
Исто така се препорачува: Ipecac 30c.


ХЕМОРОИДИ
Предизвикани од бременост, Nux Vom 30c.


МАМУРЛАК
Со болни главоболки и/или гадење - Nux Vom 30c; предизвикани од чад од цигари - Ignatia 30c.


ПОВРЕДИ НА ГЛАВАТА
Arnica 30c.
Исто така се препорачува: ако болките продолжат или следат симптоми - Natrium Sulphuricum 30c. Секогаш побарајте стручна помош.


ГЛАВОБОЛКИ
Од ладно - Aconite 30c; со ненадеен, силен почеток - Aconite 30c или Belladonna 30c; по поголема возбуда или замор - Arsenicum 30c; по миење на косата - Belladonna 30c; пулсирачка главоболка во тек на одреден период - Belladonna 30c; пуслирачка главоболка од премногу сонце - Belladonna 30c; по промена на временските услови - Bryonia 30c; по консумирање на повеќе храна и алкохол - Nux Vom 30c; по промена на времето, особено на влажно - Rhus Tox 30c; по намокрување - Rhus Tox 30c; по работа на вештачка светлина - Silica 30c; по патување - Silica 30c.
Исто така се препорачува: болка во мали точки, предизвикани од синузитис - Kali Bich 30c; пред грмотевици - Phosphorus 30c; по замор во очите - Lycopodium 30c или Natrium Mur 30c; од работа на вештачка светлина - Sepia 30c.


ОСИП
Со треска - Apis 30c; со горење, чешање, прободна болка - Rhus Tox 30c.


ПОВРЕДИ
На коските - Ruta 30c (види: скршени коски/фрактури); на тртната коска - Hypericum 30c; на главата (види ПОВРЕДИ НА ГЛАВАТА); на мускулите - Arnica 30c (види ИЗМЕСТУВАЊЕ); на богато инервирани места (пр. прсти на рацете и нозете) - Hypericum 30c; на дланките - Ledum 30c; на потколеница или коски во близина на површината - Ruta 30c; на меки ткива - Arnica 30c; на стапала на нозете - Ledum 30c; на ‘рбетот - Hypericum 30c; на тетивите/лигаментите - Rhus Tox 30c или Ruta 30c.
Исто така се препорачува: за градите/длабоко ткиво - Bellis Perennis 30c.


ПОВРЕДИ ПРОСЛЕДЕНИ СО
Страв - Aconite 30c; долготрајни симптоми - Arnica 30c; траума - Arnica 30c; расцепување (навлезени деланки) - Silica 30c (види МММ).


ВАКЦИНИ
Пред вакцинирање, за намалување на локалната реакција - Hypericum 30c, Ledum 30c; за третман на рана по пункција - Ledum 30c; секавични, прободни болки - Hypericum 30c. За сите други негативни реакции побарајте стручна помош што е можно побргу.


УМОР ПО ДОЛГ ЛЕТ СО АВИОН
Arnica 30c; со осет на одземеност - Gelsemium 30c.
Исто така се препорачува: за нарушен сон по патување - Cocculus 30c.


МАЛИ СИПАНИЦИ (види МММ)
Нагол почеток со горечки осип и свраб - Aconite 30c или Belladonna 30c; бавен почеток, со воспаление на окото - Apis 30c или Pulsatilla 30c (види: ВОСПАЛЕНИЕ НА ОЧИТЕ); спор почеток, со главоболка - Bryonia 30c или Gelsemium 30c.


МЕНСТРУАЛНИ ПРОБЛЕМИ
Со задоцнување/оскудна, по страв или студ - Aconite 30c; со задоцнување, по навлажнување на нозете - Pulsatilla 30c; со топлина, поголема загуба на крв - Belladonna 30c.
Исто така се препорачува: со гадење пред и во текот на циклусот - Ipecac 30c; грчевити болки - Mag Phos 30c.


ЧИРЕВИ ВО УСТАТА
Убодни болки, пулсирачки, со зголемена плунка и тежок здив - Merc Viv 30c.


ЗАУШКИ
Можни се повеќе лекови. Проверете МММ за да проверете кој од следниве лекови се соодветни: Merc Viv 30c, Rhus Tox 30c, Silica 30c.
Исто така се препорачува: Carbo Veg 30c, Lachesis 30c, Lycopodium 30c.


КРВАВЕЊЕ ОД НОСОТ
По шок или повреда - Arnica 30c.


ПОРОДИЛНИ БОЛКИ (види МММ)
Неефикасни, со плачлив повик помогнете ми - Pulsatilla 30c; нетолерантни, бесни - Chamomilla 30c; со слабост и болки во грбот - Gelsemium 30c; со страв дека ќе умре при породување - Aconite 30c.


ПОСТНАТАЛНА НЕГА
За бебето: Ако бебето се дои, лекот може да го земе мајката. Ако не, се држи пилулата на внатрешната страна на долната усна на бебето. Шок, по брзо, насилно раѓање - Aconite 30c; ретенција на урина - Aconite 30c; блокиран солзен канал - Silica 30c.
За мајката: Во сите случаи на исцрпеност и постпородилни ефекти - Arnica 30c (може да се повторува често, колку е потребно); секавична, прободна болка од оштетување на перинеумот - Hypericum 30c; по повреда на тртната коска - Hypericum 30c.
Исто така се препорачува: за исеченици и одрани места - Calendula 30c; светлоцрвено, топло, профузно крвавење - Ipecac 30c; по форцепс, царски рез или каква било длабока внатрешна траума - Bellis Perennis 30c; по епизиотомија - Staphisagria 30c.


ИЗГОРЕНИЦИ
Cantharis 30c.


АПСЦЕС
Погодената област е црвена, жешка, пулсирачка - Belladonna 30c; со крв, набразден, нагризувачки гној - Merc Viv 30c; лекувањето оди бавно - Silica 30c.
Исто така се препорачува: да се дренира во раните фази - Hepar Sulph 30c.


ШОК (види МММ)
Arnica 30c; емоционален - Ignatia 30c; со страв - Aconite 30c, од примање на лоши вести - Gelsemium 30c.


БОЛКИ ВО ГРЛОТО
Суво, црвено, со чувство на горење - Aconite 30c; суво, црвено, топло со (болна) желба да проголта - Belladonna30c; бавен почеток, болка како кај грип и чувство на слабост - Gelsemium 30c; сува уста и грло, со чувство на жед - Bryonia 30c; болка што гори, прободни болки, со голем оток - Apis 30c; со чувство на присуство на влакно во задниот дел на јазикот - Silica 30c; зголемена саливација и лош здив - Merc Viv 30c; со отечени жлезди - Belladonna 30c или Silica 30c.
Исто така се препорачува: изгубен глас поради често користење - Arg Nit 30c; болката е полоша при голтање на плунка отколку при голтање на цврста храна - Lachesis 30c; прво е зафатена левата страна (може да се движи кон десно) - Lachesis 30c; прво е зафатена десната страна (може да се движи кон лево) - Lycopodium 30c; со чувство на постоење на коска од риба/деланки/трошка - Hepar Sulph 30c; улцерирани крајници со цврст секрет - Kali Bich 30c.


ОШТЕТУВАЊЕ НА КОЖАТА (од деланка)
Silica 30c (види МММ)


ИЗМЕСТУВАЊА (ШИНУВАЊЕ) И ФИЗИЧКИ НАПОР
Arnica 30c; ако е полошо при најмало движење - Bryonia 30c; полошо при првото придвижување, подобро ако продолжи движењето - Rhus Tox 30c; полошо ако лежи на зафатениот дел - Ruta 30c.


ТРЕМА
Со чувство на одземеност - Gelsemium 30c.


ВКОЧАНЕТ ВРАТ (види МММ)
Rhus Tox 30c.
Ако дете се жали на овој симптом, секогаш да се побара професионална помош, зашто може да се работи за менингит.


ИНФЕКЦИЈА НА ОКОТО (види МММ)
Окото е црвено, капакот е болен и отечен - Apis 30c; свраб на окото, залепени капаци, густ, жолтозелен исцедок - Pulsatilla 30c.
Ако е присутен гној, види АПСЦЕС.


ИЗГОРЕНИЦИ ОД СОНЦЕ
Кожата е сува, топла, црвена, пулсирачка болка - Belladonna 30c; ако болката е силна - Cantharis 30c.


СОНЧЕВ УДАР (види МММ)
Belladonna 30c.
Ако симптомите многу се влошуваат при движење - Bryonia 30c.


ХИРУРШКИ ИНТЕРВЕНЦИИ
При подготовка за операција - Arnica 30c; за последователни ефекти - Arnica 30c; за хируршки рани/ампутации, со нервна болка - Hypericum 30c.
Исто така се препорачува: за хируршки рани - Calendula 30c или Staphisagria 30c; по лоша реакција на анестетик - Phosphorus 30c; ако е зафатено длабокото ткиво - Bellis Per 30c.


РАСТЕЊЕ НА ЗАБИТЕ (види МММ)
Aconite 30c, Belladonna 30c, Chamomilla 30c, Pulsatilla 30c.
Исто така се препорачува: ако растењето е бавно/одложено - Calc Carb 30c; за намалување на болките - Mag Phos 30c.


ПРОБЛЕМИ ПРИ ПАТУВАЊЕ (со авион, брод)
Подобро по повраќање, но тоа не го олеснува - Nux Vom 30c.
Исто така се препорачува: Cocculus 30c, Petroleum 30c или Tabacum 30c.


ПОВРАЌАЊЕ (види МММ)
Предизвикано од прејадување - Nux Vom 30c; со дијареја - Arsenicum 30c.
Исто така се препорачува: ако е приближно 15 минути по ладен пијалак - Phosphorus 30c; со кашлица - Ant Tart 30c, Drosera 30c, Ipecac 30c; со постојано гадење, не се олеснува со повраќање - Ipecac 30c.


РАНИ
Исеченици, гребаници, болни рани (чиреви на кожата) - Calendula 30c; Засечени, чисти парчиња - Hypericum 30c; механички повреди - Hypericum 30c.




18 РЕМЕДИИ НА МИНИ МАТЕРИЈА МЕДИКА
No. 1 ремедии = Најчесто препишувани. За да се уверите во своето препишување како точно и што е можно поблиску да одговара на симптомите на хомеопатскиот лек.


ACONITE
No. 1 ремедија што ќе ја фати настинката во корен
Корисна во рани фази на настинка, треска, воспаленија. Одговара и за здрави луѓе кои се жалат на промени настанати одеднаш. Можни причини: ладно/сув ветар; страв/шок. Се карактеризира со екстремен немир и страв. Посебно може да има неоснован страв од смрт. Сува и топла кожа. Симптомите се полоши навечер/околу полноќ. Жедни се за ладни пијалаци. Сакаат се што има горчлив вкус, освен вода. Подобро од свеж воздух. Полошо од допир.


APIS
No. 1 ремедија за огризоци и убоди
За да биде ефективен лекот, симптомите треба генерално да одговараат на следната слика: едематозни отоци, црвенило, горечки и убодни болки, немир, без жед. Подобро од ладни облоги. Полошо од топлина, 16-18h.


ARNICA
No. 1 ремедија за несреќи/шок/физичка исцрпеност
Треба да биде прв избор за повеќето несреќи, повреди или физички тешкотии. Даден на почетокот го намалува отокот и модринките. Пациентот има страв да биде допрен (не допирај ме) поради болка и сака да биде оставен сам. Може да изјавува дека е во ред кога тоа очигледно и не е. Класичен одговор на некој во шок. Горниот дел од телото е жежок, а подолу е ладно. Меморијата може да му биде лоша. Подобро е кога е легнат со главата на ниско. Полошо од нескладно лежење на повредениот дел.


ARSENICUM
No.1 ремедија за затруеност од храна
Се карактеризира со голема физичка исцрпеност и ментална вознемиреност. Пациентот не сака да биде оставен сам. Може да има страв од смрт. Болки и празнењата се горечки, но на пациентот с? уште му е ладно и сите симптоми, освен главоболка, се подобри на топлина. Жедни се за чести голтки обично за топли пијалаци. Подобро од топлина, легнат. Уште полошо: полноќ – 03.00h.


BELLADONNA
No. 1 ремедија за многу висока температура
Воспалено подрачје или целиот пациент гори, црвен е и топол. Очите се стаклести со раширени зеници. Почетокот на промените е ненадеен. Можна причина: студ во главата. Болките се насилни и мачни. Има забрзан пулс. Пациентот се чувствува луто, може да биде занесен, па дури и да има визии. Пациентот е жеден, може да посакува лимонада. Подобро му е кога лежи. Полошо при допир или нескладно движење; 15.00h.


BRYONIA
No. 1 ремедија за сува, болна кашлица
Сувост на сите мукозни мембрани. Силна жед за голема количина течности на долги интервали (спротивно од Arsenicum). Пациентот лежи, сите симптоми се полоши при најмало движење. Болките се убодни. Болниот може да се опише како раздразлив со болки во главата, нервозен и лут на поставени прашања или врева. Подобро од цврст притисок. Полошо: 21.00h; по јадење зелка или грав.


CANTHARIS
No. 1 ремедија за интензивна болка од изгореници
Ефективни за третман на циститис, со горечки болки пред, за време и по мокрење. Интензивна ментална и физичка иритација. Почетокот е ненадеен и насилен. Болките се чувствуваат како да сечат и да горат. Пациентот има горечка, интензивна жед, но се чувствува полошо по пиење (особено ладни пијалаци). Подобро од ладни облоги. Полошо од допир.


CHAMOMILLA
No. 1 ремедија при растење на заби кај деца
Особено ако детето има еден црвен образ. Се карактеризира со преголема чувствителност. Болките се неподносливи и се појавуваат независно од некоја состојба или повреда. Одговара на деца со лош темперамент, кои се тивки само кога се носат, постојано бараат нешто, а потоа ги отфрлаат работите. Тие се топли и испотени (особено во главата). Подобро се чувствува кога е откриено. Полошо се чувствува во период 21.00-24.00h.


GELSEMIUM
No.1 ремедија за грип
Посебно ако постои треска што оди нагоре-надолу по ‘рбетот. Пациентот се чувствува парализиран. Лекот е познат како „стаклен ковчег“, бидејќи иако пациентот има комплетна физичка исцрпеност, ментално е потполно буден. Пациентот трепери, има болка во мускулите и тежина посебно во главата и очите, дури и очните капаци се спуштени.


HYERICUM
No.1 ремедија за повреда на нервите.
Корисна прва помош за третман на лацерирани рани од остри предмети или повреда на богато инервирани подрачја (на пр. по притисок на прстите со врата или пад на тртната коска). Болките се екстремни и убодни по должина на нервите. Има репутација на лек со антитетанус својства.


IGNATIA
No. 1 ремедија за неодамнешна жалост/емоционален шок
Корисни за лекување на симптоми кои следуваат по акутна загуба, тага или разочараност во љубовта. Не може да го прифати она што се случило и реагира со недоверба. Други знаци што можат да се вклучат: икање, неволни воздишки или зевање. Подобро е од топлина. Полошо од цигари; свеж воздух.


LEDUM
No. 1 ремедија за убодни рани и „црни очи“
Како и Hypericum има антитетанус својства. Се користи за лечење на длабоки рани (на пр. изгребано со нокти) и каснување од животни и инсекти. Болките се прободни, распарувачки и пулсирачки. Областа е отечена, плавкаста и ладна, но заболениот има чувство на топло. Подобро од ладни облоги. Полошо од топлина.


MERC VIV
No. 1 ремедија за ранички во устата
Одговара на луѓе кои имаат човечки термометри и се многу чувствителни на топлина и студ, а подобро им е од умерена температура. Имаат мирислив здив и празнења (што можат да бидат проткаени со крв). Склони се кон отечени жлезди, настинки и обилно потење. Имаат прекумерна плунка, особено навечер и се многу жедни. Полошо се чувствуваат навечер во кревет.


NUX VOMICA
No. 1 ремедија за мамурлак и по уживање во богата трпеза
Луѓе на кои им треба овој лек се многу ладни. Емоционално можат да бидат напнати, нервозни и пречувствителни. Страдаат од дигестивни проблеми, иако се чувствуваат подобро од повраќање, тоа тешко го прават. Тие често работат напорно, преживувајќи на „диета“ од кафе, алкохол и цигари и покрај лошото дејство што тие го имаат врз нив. За најдобри резултати лекот се зема неколку часа пред спиење. Подобро од одмор; топлина и топли напитоци. Полошо: наутро.


PULSATILLA
No.1 ремедија за инфекции на ушите во детство.
Кај овој лек симптомите и самите пациенти се многу променливи. Емоционално се нерасположени, плачни и желни за друштво. Децата се наметливи и кенкави. Pulsatilla типови се жедни и полошо се чувствуваат во задушливи простори, нивното расположение видно се променува кога излегуваат на свеж воздух. Секретите се дебели, благи и жолтозелени. Проблемите може да се јават и по намокрување и разладени нозе. Подобро е од капење; плачење; движење; притисок. Полошо при самрак, влажно и ветровито време.


RHUS TOX
No.1 ремедија за изместувања и физички напрегања
Вкочанетост, придружена со голем немир. Болки обично околу зглобовите, болно чувство на повредениот. Болката се влошува на првото придвижување, со плачна сензација и болки како бодежи од игла. Ова чувство олеснува по продолжување на движењето, под услов да не се многу напорни. За време на настинки, трески или грип, триаголен црвен врв на јазикот е одличен потврдувачки симптом. Деца кои имаат потреба од овој лек се жедни за ладно млеко.


RUTA
No.1 ремедија за повреда на тетивите и коскената површина (periosteum)
Дејството на Ruta е подлабоко, но има помалку карактеристична слика од Rhus Tox. Таа е со помал немир. Коската се чувствува оштетена. Полошо е од лежење на засегнатите делови.


SILICA
No.1 ремедија за извлекување на деланки
За прва помош, одличен за извлекување на страни тела од телото. Внимателно ако имате пејсмејкер, хируршки вградени делови, метални делови и други вградени страни тела. За акутни промени одговара на зиморливи типови кои често добиваат инфекции кои бавно се лечат. Пациентите се жедни и лесно се препотуваат. Подобро им е од топлина. Полошо им е од ладно, влага и влажно време.



ДРУГИ КОРИСНИ ПРОИЗВОДИ

КРЕМИ ИЛИ МАСТИ
Arnica – може да се користи надворешно, на здрава кожа. Намалува модринки и оток.
Calendula – се користи на исеченици или болна кожа. „Хомеопатски антисептик“, прекрасен, исцелувачки мевлем.
Urtica Urens – благотворна за жешка кожа со свраб, предизвикано од помали изгореници, изгореници од сонце или алергиски реакции на инсекти.


Бахови ЦВЕТНИ КАПКИ
Растителни цветни лекови, комбинација од 5 цветни лекови, кои се користат за смирување и психички баланс при стрес или несреќи. Во многу случаи може веднаш да се дадат, додека не се пронајде најсоодветен лек.


Шуслерови ткивни соли
Дванаесет основни неоргански, минерални материи кои ја подобруваат функцијата на секоја клетка. Со соодветна ткивна сол се постигнува балансирана корекција на клеточно ниво.


Како се одвива хомеопатската консултација?
Ако имате хроничен проблем (симптом) или таков кој често се појавува, првата консултација кај хомеопатот обично трае околу час и половина. Почнува со тоа што му кажувате на хомеопатот што ве мачи. Од голема помош е да се опишат симптомите што е можно подетално, вклучувајќи го и она од што тие се подобруваат или влошуваат. Доколку сте забележале какви било други промени кај себе (расположение, стравови, спиење, соништа, апетит, жед, температура) откако почнале симптомите - ова исто така може да биде многу корисно. Обично хомеопатот во потполност ја зема целата историја на случајот и ќе ги забележи сите претходни здравствени проблеми во вашето семејство, враќајќи се до вашите предци. Целта на консултацијата е да се стекне увид, не само во вашиот моментален проблем и состојба, туку и целокупна слика за вас како личност. Следната консултација трае околу четириесет и пет минути. Таа ви помага вам и на хомеопатот да ја процените вашата реакција на претходниот лек и да одлучите како е најдобро да се продолжи натамошниот третман. Понекогаш, доколку лекот добро дејствува, хомеопатот чека и не препишува ништо, но добиените информации од пациентот за време на состанокот можат да се искористат подоцна, при изборот на следен лек.

Што да очекувате по консултација?
Како што беше претходно наведено, клучот за успешно препишување лежи во Законот за сличност. Успехот на лекувањето е одреден од блискоста во совпаѓањето на сликата симптоми на лекот со одредена промена или повреда. Колку сликата на симптомите на лекот поблиску се совпаѓа со сликата на променетата состојба или повреда, толку позагарантиран е успехот на лекувањето. Прва задача е внимателно да се анализираат собраните информации од консултацијата и да се изберат симптомите кои се посебно карактеристични за вашиот случај. Откако ова ќе се направи, хомеопатот користи два различни вида референтни книги:
Реперториуми се книги во кои симптомите (искусени и докажани со тестирање на хомеопатски подготвени супстанции) се организирани - шематски и по азбучен ред. Реперториумите растат и постојано се надградуваат и се подобруваат последниве 200 години. Досега се тестирани над 1000 различни супстанции за да се согледаат симптомите што ги предизвикуваат тие кај здраво лице. Реперториумот обезбедува детален индекс на симптоми што му овозможува на хомеопатот да го стесни изборот на супстанција, водејќи го до оној кој најдобро ги покрива избраните симптоми и особини. Овие супстанции потоа можат подетално да се проучат и од Материја медика, каде што се организирани по азбучен ред според името на секоја супстанција со детален опис на симптомите кои се карактеристични за неа. Токму тука се прави и крајниот избор. Пребарувањето за избор на соодветен лек може да потрае, па затоа доколку е тоа ваша прва посета на хомеопат, можно е тој да не ви препише ништо веднаш. Меѓутоа, ако вашата консултација се однесува на акутна состојба, анализата е поедноставна, а потребата за лек е поитна, па се разбира дека и препишувањето ќе биде таму и тогаш.

Колку консултации ќе треба да направам?
Ова е многу тешко прашање и одговорот зависи од индивидуалниот случај. Сепак, може да се генерализира до одреден степен. Акутните случаи и повреди можат да реагираат мошне бргу откако ќе се најде вистинскиот лек за нив. Честопати истото важи и за повеќе долгорочни проблеми со јасна етиологија (на пр. ако по одреден настан, веќе никогаш не се чувствувате добро). За хронична болест постои општо правило дека може да потрае по една консултација за секоја година од постоењето на проблемот.

Како можам да утврдам дали хомеопатскиот лек делува или не?
Реакциите на хомеопатските лекови се индивидуални. Едни доживуваат јасно и брзо подобрување на симптомите. Други пак, наоѓаат дека нивните симптоми се влошиле некое време пред да се подобрат ( ова е познато како влошување, агравација). Има и лица кои сметаат дека нивното општо чувство за благосостојба расте, но симптомите кои сакале да ги излечат останале исти. Ова е многу добар знак, кој покажува дека лекот дејствува на темелно ниво, отстранувајќи го дисбалансот. Конечно се очекува исчезнување на оригиналните симптоми. Независно од општите подобрувања (на сонот, варењето, расположението и др.), хомеопатот има тенденција да внимава на три посебни појави, кои обично значат дека лекот дејствува. Првата е поместување на симптомите од горе надолу, од глава кон пети (на пр. осипот се движи надолу по телото). Втората е поместување од внатре нанадвор, односно од внатрешните делови на телото кон површината (на пр. астмата преминала во егзема). Третата појава е кога старите симптоми повторно ќе се појават, но по обратен редослед. Ова е еквивалент на пролетно чистење на телото, кога тоа ги отстранува старите симптоми кои претходно биле потиснати. За хомеопатот ќе биде од голема помош ако ги споменете промените кои сте ги забележале по земањето на лекот. Ако сметате дека е можно да заборавите што се случувало, можете да запишете кратки забелешки во текот на месецот и да ги понесете со себе на следниот состанок.
Дали е во ред самостојно препишување на хомеопатски лек?
Самопрепишување на лек е корисно при третирање на акутна промена или повреда. Хомеопатите ја третираат слабоста која лежи во основата на конституцијата на пациентот, а тоа значи дека крајно ќе имате помалку акутни заболувања. Доколку редовно посетувате хомеопат, разговарајте со него за самопрепишувањето пред да земете што и да е, бидејќи тоа може да му смета на вашиот третман. Се разбира, ова не важи за итни случаи, кога лекот се зема веднаш.

Други важни аспекти за здравствена нега
Општеството има тенденција да се фокусира на чисто физички аспект на грижа за нашето здравје, како: избегнување на пушење, минимизирање на внесувањето кофеин и алкохол, јадење на здрава, урамнотежена исхрана, редовни физички вежби и спиење. Ова е дел од општата тенденција да се гледа на телото како на машина. Идејата е дека тоа ќе работи добро ако правилно се одржува. Емоционалните, менталните и духовните аспекти на нашето битие често се превидуваат, но холистичката медицина ги зема овие аспекти како неразделив дел од физичкото. Иако сите гореспоменати сугестии се оправдани, тие честопати може да изгледаат невозможно за некој кој е депресивен, под стрес или со недостаток на самодоверба. Да се биде свесен за емоциите и тие да се изразуваат е од витално значење за здравјето и благосостојбата. Потиснатите емоции ќе најдат друг начин да се изразат, можеби “лут” осип или улцер (чир) или, уште посериозно, како апатија и депресија. Негативните мисли исто така н? ослабуваат однатре. За среќа, во изминатава деценија или подолго, многу луѓе сфатија дека можат драстично да го променат и подобрат своето здравје и своите животи излегувајќи од кругот на негативноста. Ова вклучува повторно тренирање на умот (преку афирмации, визуализации и разни други средства) да се фокусира попрво на она што може да се постигне отколку на она што не може. Како и да е, можеби духовноста е најзанемаруваниот аспект од сите во современото општество. Да се биде во контакт со нашата духовност, носи чувство на поврзаност, единство и целна структура.
Кај некои ова чувство потекнува од членување во организирана религија, кај други тоа доаѓа за време на тивките моменти на медитација или преку доживување на природата и промената на сезоните. Изразувањето на креативноста преку музиката, драмата или сликата е поинаков начин на доживување на оваа поврзаност. Допуштајќи време и простор за ова да се случи, може да биде продлабочување на животот. Почнувајќи да испитуваме и да работиме на емоционалните, менталните и духовните аспекти од нашата природа, наметнатата листа “што треба да се направи, а што не”, поврзана со нашата физичка благосостојба, конечно може да изгледа помалку како обврска, а повеќе како пожелен и природен начин на живот.

Пристап за студенти:
Поддршка во живо:
Форум за студенти:
Новости:
02.11.2012
Skopje Body, Mind and Spirit фестивал:
„Демистификација на хомеопатијата“ - предавач Др. Биљана Ѓуроска


Контакт | Кои сме ние? | Школа | најава за студенти | Услови за користење
homeopataija.com.mk - Сите права се задржани.