Основни лекарства со дејство на гастроинтестиналниот тракт

Lycopodium clavatum
- Диспепсија со метеоризам: кај болниот отекува стомакот веднаш по јадење, дури и во мали количини, подригнувањето и испуштањето на гасови не доведува до олеснување (Кај Nux vomica потешкотиите предизвикани од храна се јавуаат подоцна). Во тој миг болниот не поднесува да биде стегнат во половината и е принуден да се раскопча.
- Попатно на горните симптоми се јавува зацрвенување на лицето по јадење, со неодложна потреба за сон.
- Надуван и тврд абдомен посебно во долниот дел (Кај Carbo vegetabilis надуван е стомакот над папокот, а кај China целиот абдомен).
- Рефлукс, горење во хранопрoводот симптом кој може да трае и неколку часа.
- Болки во пределот на црниот дроб со чуство на напрегнатост и полност. Болниот не може да лежи на десната страна.
- Мигрена која е поврзана со потешкотиите на гастроинтестиналниот тракт:
- најчесто супраорбитална, деснострана
- понекогаш попратена со потешкотии во видот (десна вертикална химианопсија; болниот ја гледа само левата половина на предметите),
- влошување при затоплување и се подобрува при ладење
- често предизвикана од фактот за нарушен метаболизам на храната
ВЛОШУВАЊЕ:
– помеѓу 16 и 20 часот
– при станување од сон
– при затоплување, и покрај општата чувствителност на студ (како престој во затоплена просторија или затоплување предизвикано од физичка активност)
- Противречење
ПОДОБРУВАЊЕ:
– од чист воздух (општите симптоми и чешањето)
– од топли храни и течности (диспепсија) – при бавно движење

Antimonium crudum
Болниот се жали на тежина и чуство на полно во пределот на епигатриумот; има подригнување со мирис на конзумираната храна. Потешкотиите се должат на прејадување. Јазикот е покриен со дебел, белузлав налеп како млако; дојареата е со полутврди, полутечни столици. Овој препарат е соодветен за полни, лакоми луѓе, со склонот кон инпетигоморфни кожни промени и кон хиперкератоза.
Carbo vegetabilis
Лекарството е карактеристично за надуван стомак, и тоа над папокот. Состојбата на болниот се влошува од топлина, од млеко од мрсна храна и многу од алкохол, од кој се зацрвенува лицето.
Добро одговара на астенични индивидуи кои во целата клиничка слика имаат проблеми и со кардиоваскуларниот систем: цијаноза на екстремитетите и варикозни хиподермити.
Кај лица кои се жалат од зацрвенување на лицето и од најмала конзумација на алкохол се препорачува да земат од овој препарат во 5 CH по 3 гранули половина час пред јадење.
Asa foetida
Овој препарат најмногу се издава за аерофагија, пропратено со чести подригнувања и многу гасови и спастични грчеви на хранопроводот од кои болниот има чуство за топка во грлото која се движи нагоре надоле.
Robina
Лекарството се препишува за диспепсија со зголемена киселост, болниот се жали на болки кои горат во пределот на епигастриумот, понекогаш од киселини.
Потешкотиите се влошуваат во текот на ноќта, во текот на јадење или од мрсна храна.
Основните попатни знаци се главоболка во пределот на челото или слепоочниците и најмногу воденести кисели повраќања.
Sulfuricum acidum
Болниот чуствува горење во хранопроводот и желудникот, разјадување во пределот на епигастриумот, има подригнување и многу кисели повраќања, кои ги дразнат забите.
Тие симптоми се појавуваат најмногу како резултат на страс или злоупотреба на алкохол, се влошуваат од студени пијалоци, а се подобруваат од топли напитоци и локално затоплување. Често симптомите се последица на дијафрагмална хернија или гастрит.
Понекогаш како попратни симптоми се афти во устата, иштоштвачки дијареии и пурпура.
Nux moschata
Овој препарат се дава кога флатулентноста доаѓа до крајност; секоја конзумирана храна се претвара во гасови. Често има попатни симптоми: икање, астма, сувост на устата, срцебиење.
Лекарството е карактеристично за сонливи индивидуи.
Cheledonium majus
Лекарството најчесто се издава при болка во пределот на црниот дроб и жолчката, која иридира кон врвот на десната лопатка.
При јадење болниот чуствува тежина во стомакот, сонлив е, исто така може да има и попатно главоболка или мигрена.
Столицата е светложолта и течна.
Hydrastis Canadensis
Лекарството е соодветно за болки во црниот дроб и жолчката предимено кај послаби и уморни индивидуи. Јазикот е жолтеникав, устата е сува и лицето има тенденции кон афти и обстипација.