Метеоропатија (од Грчки meteora – неземски, боженствен феномен и phatos – болка) е пореметување, или физичка состојба или симптом кое се должи на состојбата на времето како влажност, температура или притисок. Луѓето кои патат од овој феномен се викаат метеоропати.

Метеоропатијата се разликува од историскиот концепт дека воздухот предизвикува болест и силно влијае на општото чувство за добробит кај луѓето.  Овде постојат значајни и мерливи поврзаности помеѓу неколку атмосверски настани (како нагло покачување на влажноста во воздухот и температурата) и почетокот на болеста (како на пр. срцев удар).

Неколку истражувања потврдиле дека промената на времето или пак одредени временски услови влијаат врз расположението, посебно влагата. Влагата, температурата и подолга изложеност на сонце имаат најголем ефект врз расположението. Високото ниво на влажност го намалува степенот на концентрација со зголемување на поспаноста. Зголемената температура ја намалува анксиозноста и сомнежливоста. Неколку часовната исложеност на сонце значително влијае  врз подобрување на оптимозмот, и тоа право пропорционално.

Пријатното време (повисока температура или повисок барометарски притисок) било поврзано со подобро расположение, подобра меморија и проширување на свесноста, посебно во почетокот на пролетта кога и часовите поминати во природа се зголемуваат. Додека пак многу топлото време е поврзано со лошо расположение.

Порано феноменот за времето бил потполно неозбилно разбран. Но луѓето од сите континенти неповрзано меѓусебно го чувствувале времето, временските промени и годишните времиња. Хомеопатијата како наука има цел дел кој го посветува на тоа како реагираат луѓето на одредени времески услови и промени на времето.

Влошување на временските услови

Bryonia

DULCAMARA

Овој препарат е корисен за оние лица кои се склони кон катар, рематоидни и херпетични заболувања кои се јавуваат како резултат на изложеност на студ или влага. Ги зафаќа мукозните мембрани предизвикувајќи вишок на секреција, посебно на бронхите, мочниот меур и очите. Укоченост, трпнење болки  на мускулите на секоја исложеност на студ, посебно грбот и слабината.  Секоја настинка завршува на ниво на очите, грлото или пак го  зафаќа  мочниот меур, дишењето или цревата.

Овој препарат одговара за работници во фабрики за мраз или ладилници. Или пак за луѓе кои се изложени на постојана промена на температурата (клима уред).

Симптомите започнуваат кога пациентот ќе се излади откако бил многу загреан. На нагла промена на времето. Студ. Влага. Ладни напитоци, сладолед. Влажна земја, подруми…

Простуд на нозете. Лошо му влијае есента како годишно време. Вечерта како период од денот. Пред бура. И топли денови и ладни ноќи.

За овој препарат се карактеристични летните настинки, со дијареа. И мала доза на ладен воздух го затнува носот. Лицева невралгија и од најмала изложеност на ладно.  Устата е изобличена, повлечена на едната страна.  Дијареи летно време, со кисели воденести столици. Прободувачка болка во папокот придружена со болни, зелени, лигави столици.

Ретенција на урината од ладно или ладни пијалоци. Нефритис од ладно. Ѕидовите на матката се задебелени.

Зимска кашлица. Кашлица која се јавува после физичка истоштеност. Болка во левиот дел на градниот кош. Лумбалниот дел и делот на крстот се ладни.

На кожата се јавува уртикарија, која се подобрува од ладно, а се влошува од киселини во желудникот. Брадавици кои се широки, мазни, месни, плоснати. Tenia capitis кај децата.

Nux mohata

Влошувањето кај овој препарат е од ладно и тоа ладна бања, ладна влага, провев, ветер, магла, ладни нозе, ладна храна и ладна вода. Друга причина за влошување се емоциите и месечниот циклус кај жена.

Подобрување од влажна топлина. Топла соба. Суво време. Надворешна топлина.

Овој препарат има голема сличност со Canabis indicia и тоа јасновидост, конфузија во умот, како да е се сон, како тој да е удвоен, растојанијата се продолжени, како да плутаат во воздух, познатите работи се чудни или луди. Страв од темница. Будалести и заборавени. Времето поминува многу споро. Главата е преголема и како да е раздвоена од телото. Звуците се далечни. Сувост на устата но без жед.

За Nux mochata е карактеристично променливото однесување, смеење па плачење. Сонлива, јасновидна состојба. Зборува многу гласно на себе, мечтаење, конфузија, отсутност. Мислите исчезнуваат додека чита, додека зборува, додека пишува. „Пред да одговори на прашањето треба да размисли еден период; и покрај секој напор  не е во можност да даде соодветен одговор, еден вид на спор проток на идеи. Се ниша додека оди, и кога размислува има една идеја, се додека не се разбуди од изгубените мисли, и потоа треба да се сети каде е“.

Многу се поспани но неможат да спијат. Имаат чувство на извртеност на просторот и времето.

Состојба на јасновидност; претскажување. „јасно одговара на прашања кои воопшто не се од нејзината област, и на  враќање на свесноста ништо не знае за тоа.“

Се кикоти и се смее.

Чезнее за сезонска храна, само таа може правилно да ја свари. Има многу лошо варење на храната. Сета изедена храна се претвора во гас. Претерана надуеност. Колики од гасови. Јадење малку повеќе предизвикува главоболки. Икање. Летни дијареи од ладен пијалок, сварено млеко.

Зарипнување на гласот кога оди спроти ветрот. Кашлица која се влошува од топлината на креветот.

Реуматизам, болки налик на тегнење, шетачки, кои се влошуваат од влажен, ладен воздух, ладна влажна облека, и се подобруваат од топло. Суви дланки. Стапалата се секогаш влажни.

Напад на спиење, наеднаш до вртоглавица. Голема поспаност со сите поплаки. Соништа дека паѓаат од високи места и дека се прогонувани.

Phosphorus

На Phosphorus симптомите му се влошуваат од ненадејна промена на времето- ветровито, ладно, грмотевици и севање.  Го нарекуваат човечкиот барометар  (за резлика од ова Mercurius го нарекуваат човечки термометар, тој е чувствителен и на топло и на ладно.)

Овој препарат одговара на високи, витки личносто со сангвинаричен темперамент; нервозни, истоштени  нежни личности кои сакаат да бидат намагнетизирани. Одговара на млади луѓе кои растат многу брзо и се со тенденција да се подгрбават.

Како симптоми може да се појават воспаление  и дегенерација на слузницата на стомакот и цревата; воспаленија на ‘рбетниот столб и нервите; предизвикува паразлиза; пореметување на крвта предизвикувајќи масни дегенерации на крвните садови и на секое ткиво и орган на телото. Ова е сликата на еден деструктивен метаболизам.  Повторувачки настинки, крупозна кашлица… Преголема восприемливост на надворешните инпулси, светлина, звук, мириси, допир, електрични промени и т.н. Многу лесно се возбудуваат, лесно се лутат и се разбеснува за што подоцна многу жали. Страв да бидат сами, на самрак, од духови, за иднината од грмотевици, има чувство дека се нешто се крие зад секој агол.

Нешто слично како Nux mochata и Canabis indica и Phosphorus се јасновидци.

„ Овој тип се многу чувствителни и нежни физички; исто така пречувствителни на сензорните стимули, светлина, бука. Музика, мириси, парфеми и контакт. Ваквите луѓе се многу чувствителни на лично влијание. Општо имаат потреба од подршка, се чувствуваат лошо кога се сами и добредојдено им е раздвижување и контакт со здрави луѓе. Потреба за масажа и подобрувањето од нејзе. Оваа голема чувствителност на влијанија им дозволува на луѓето да дојдат до момент на екстаза и јасновидност која е карактеристика за екстремно фина чувствителност, тоа го прават со една голема драматичност , со лицеви експресии и тревожност. Но, од друга страна стануваат многу уморни, индиферентни и бараат одмор„.

На ветер се појавува солзење на очите.

На ладен воздух  имаат подобрување на симптомите на главата и лицето, додека пак се влошуваат симптомите на градите, грлото и вратот.

Имаат ноќен глад. И кај овој препарат како и кај Psorinum гладот може да и претходи на главоболката.  Тенденција кон хипогликемија. Топлина на рацете.

Psorinum

Симптомите на овој препарат се влошуваат во случај на промена на времето, за време на невреме и во зима. Од ладно и тоа свеж воздух и миење. Од топлина, и тоа топлината на креветот, волна, топло сонце.  Влошувањето е годишно. И симптомите се влошуваат од кафе.

Подобрување од лежење со главата надолу, со раширени раце, или пак тишина. Од јадење, од крварење на носот. Топла соба и обилно потење.

Овој препарат одговара на очајни, безнадежни, песимистични луѓе. Луѓе кои имаат чувство дека се беспомошно изложени на нишалката на животот.

Главната зафатеност е кожата и тоа превоите и лојните жлезди. Ушите. Цревата. Дишењето.

Многу силна анксиозност. Има недостаток од: енергија, љубов, пари, воља, надеж, знаење, амбиција, реакција, моќ да се залачи, животен импулс.

Има чувство на напуштеност. Збунетот за неговиот идентитет. Како главата да е одвоена од телото (симптом кој се среќава за Nux mochata, Canabis indica).

Разликата со Sulphur е што за Psorinum важи изразот невозноможно да се измие ( The great unwashable) , додека за Sulphur никогаш не измиен (The great unwashed). 

Голем простуд. Чести настинки кои стануваат поизразени при промена на време. Постојана глад. Се буди навечер од глад. Влошувања од глад. Напади посебно на главоболки на кои им претходи кучешка глад. Симптомите се подобруваат со јадење.

Влошувања и од ладно и од топло, во лето, при изложеност на сонце. Влошувања при наближување на невреме-бура, и за време на бурата. Чувствителни на провев посебно во предел на главата. Сака главата да му е покриена дури и во лето.

Сите секрети се смрдливи ( столица, пот, пот на нозете, мирисот на телото, секретот од ушите).

„Млада девојка која многу брзо умираше од белодробна туберкулоза, дојде на преглед пред неколку години; беше толку смрдлива-здивот кошмар- никој не беше во состојба да дише покрај неа; искашлокот зелен и многу смрдлив. Psorinum беше лекот кој и беше издаден, и побрзавме да ги отвориме сите врати и прозори, за да се направи провев за да се оддува сеќавањето за неа. Следниот пат кога се појави немаше ништо непријатно, смрдеата беше исчезната.  Што се случи со неа понатака, не знаеме, се појави неколку пати и не ја видовме повеќе… Една од најголемите карактеристики за Psorinum која не смее да се заборави е неподносливата смрдеа – може единствено да се спореди со расипано јајце (и секој кој што скршил расипано јајце знае колку е моќен импулсот да се бега во спротивниот правец од местото каде што го фрлил јајцето.) (Tyler Kent)

RANUNCULUS BULBOSUS

Ова е лек „кој боли“, и ги зафаќа нервите, мускулите, очите и серозните мембрани, градите, кожата, прстите на рацете и нозете и левата страна. Болките се прободувачки (како со игли), продорни ( како со нож), прострелни, до солзи.

Овој препарат е чувствителен на воздух и допир.

Влошувањата се од воздух – влажен, ладен, на отворено, од провев. Од промена на температурата. Од дождливо време и бура.

Чувство на ладни влажни алишта на градите, од излегување на ладен воздух.

Овој препарат е за мускулна болка која се протега од внатрешниот раб на левата скапула од седење подвиткан, од шиење, од куцање, од свирење на пијано, која се проширува на долната половина на левиот граден кош. Залепена скапула. Мускулите на вратот неподвижно контрахирани, може да зборува само со движење на рамениците нагоре и надолу.

Rododendron

Општо познат како жолта зимска роза, е лек за реуматичен гихт, кој ги зафаќа фиброзните ткаења, подлактиците, подколениците, малите зглобови, коските, гениталиите, нервите.  Чувствителни се на ветровито време или врнежливо влажно време дури и ако е внатре во куќата, нервозни лица кои се плашат од грмотевици.

Сите симптоми се влошуваат пред невреме. Лошо, ветровито, ладно, влажно, многу променливо, облачно  време.  Навечер. Среде лето. Влошување од јадење овошје, наводенување, и настинување.

Подобрување откако ќе заврши невремето. Топлина, од сонце.

Главоболки кои се јавуваат или пак се влошуваат наутро, и се подобруваат од јадење. Цилијарна невралгија, вклучително и орбитата, очното јаболко и главата и тоа најмногу пред невреме.

Забоболка која се подобрува од јадење и топлина. Забоболки кои наеднаш престануваат и се јавуваат по два до три часа. Тежок притисок во желудникот од ладни напитоци. Зелено, горчливо повраќање после пиење на ладна вода.

Овој препарат одговара на збунети и затапени личности. Забораваат за што зборуваат; заборава зборови додека пишува. Страв од грмотевица кај нервозни луѓе. Чувствуваат одвратност од нивната работа. Многу лесно ги фаќа вино.

Чувството во зглобовите е како да се шинати или удрени. Рацете како да се топли во ладна вода. Ревматска болка чувствува на сите екстремитети.  Ревматизам на топло време.

Не може да заспие ако нозете не се свиткани. Се буди како некој да го викнал.

RUSH TOXICODENDRON

Овој лек е за иритации на кожата, посебно на лицето, скалпот и гениталиите. Го зафаќа фиброзното ткиво, лигаментите и зглобовите предизвикувајќи ревматски симптоми; како некој инфект да предизвикува на тифус налик треска. Болките се раскинувачки, прострелни, прободувачки, се влошуваат навечер, и не може да остане подолго во една положба. Чувство како месото да е истегнато и да виси на коските. Овој препарат може да се користи за симптоми на грип. За варичела.

Влошувањата се од влага, ладен воздух, провев. Изладеност по загреанот на телото или препотеност. Од откривање при спиење. Влошувањата се најизрзаени  пред невреме и по полноќ.

Подобрување од продолжено одење. Топлина. Од топла бања. Од истегање на ектремитетите.

Луѓето на кои убаво им делува овој препарат се исплашени, посебно навечер не може да лежи во кревет. Загрижен е за своите деца. Се чувствуваат презаситени од животот и сакаат да се самоубијат со давење. Предиспозиција кон плачење, посебно навечер, без да знаат зошто плачат, со желба за осаменост, и страв дека некој може да ги отруе. Се чувствуваат нервозни, тажни; безнадежни и многу длабоко  потиштени.

Главоболка како даска да е закачена на челото. Мора да легне,  се влошува од најмало разочарување. Болен здрвен скалп, болката се подобрува од лежење на него. Болка зад очите која се влошува од движење.

Инконтинеција на урината, која се јавува на легнување, навечер и тоа кај момчиња.

Скочните зглобови отекуваат по подолго седење; стапалата отекуваат навечер.

Текстот објавен на оваа страница е од информативен карактер. Информациите во овој текст немаат цел да заменат професионален медицински совет. Доколку имате здравствени проблеми Ве советуваме да побарате медицински совет кај професионално лице. Хомеопатските лекови се земаат по препорака на професионален хомеопат, и се издаваат по извршен преглед.

д-р Биљана Ѓуроска

Следни настани:

There are no upcoming events at this time.
error: