Повредите кои се јавуваат како резултат на изместување и превиткување често се предизвикани од траума која се случила под дејство на ненадејна сила која ја преистегнува нормалната подвижност на зглобот, мускулот или лигаментите. Зависно од интензитетот на траумата, структурата и околните крвни садови може да пукнат или да се раскинат целосно, при тоа предизвикуваат силна болка, оток, помодрување и неправилна функција.
Ако исцелителниот процес е неблагопријатен, подоцна може да се развијат хронични проблеми. Ова може да се развие во форма на постојана латентна болка, или, и ова вообичаено е случај, нестабилност на зглобот, кое може да води до артроза. Во тие случаи хомеопатијата може да понуди соодветна прва помош, и дополнително да го помогне во понатамошната регенерација на повредената структура и да спречи дополнително оштетување.
Arnica Montana
- Повреда на мускулите и тетивите, предизвикана од шинување или невообичаено истегнување.
- Модринки и силни болки, пациентот е многу чувствителен на допир
- Страв од допир и преглед, пациентот вели „Јас сум добро“.
Bryonia alba
- Шинувања кои се придружени со болка која се влошуа и од најмало движење
- Притисок и ладни апликации ја подобруваат состојбата.
Lachesis mutus
- Шинување со синкава пребоеност на зафатениот зглоб
- Влошување од топли апликации и завои што стегаат.
Ledum palustre
- Шинување каде зафатениот дел на допир при преглед е ладен, додека таа/тој не чувствува дека е тоа така.
- Подобрување на симптомите од апликации од ладно, уште подобро од ледено ладно.
Platinum metallicum
- Шинувања со затегнувачки болки
- Зафатениот дел е со чувство како тесна лента да е врзана околу него.
Ruta graveolens
- Шинувања или повреди од повторувачко пренапрегање, главно на тетивите, посебно на зглобот на лактот.
- Зглобот е болен, здрвен и слаб
- Подобрување од топли апликации
- Влошување од ладни апликации, од влажно и ладно време или обновени напрегања.
Calcarea carbonica
Продолжените пренапрегања може да предизвикаат равој на симптомите на Calcarea carbonica. Пренапрегањето и понатамошните чести превртувања на зглобот може да доведат до шинувања кои – и ова е типично за овој препарат – зацелуваат многу споро и често резултираат во хронична нестабилност на зглобот. Болката се влошува од ладно и истоштеност и се подобрува од топлина.
Canabis sativa
Тенденцијата на грчење и собирање карактеристична за Canabis sativa е присутна и во шинување на прстот. Повредата предизвикува силно собирање на зафатениот мускул, и со време ова станува хронично. Пациентот веќе не е во можност да го исправи прстот, и контрактурата останува трајна.
Rhus toxicodendron
По шинувањето, зафатениот зглоб е укочен и болен. Симптомите се влошуваат од одмор, принудувајќи го пациентот постојано да се движи наоколу – феномен кој е многу невообичаен по траума. На пациентот му е тешко да седи мирен, и постојано ја менува неговата положба. Кога ќе станат од столот, или на некое друго посилно (поенергично, по напорно) почетно движење, болката се влошува на кратко. Продолженото движење значително ја олеснува болката.
Sticta pulmonaria
Шинувањето кое е карактеристично за Sticta pulmonaria e со изразено црвенило на зафатениот зглоб, кое е придружено со вообичаено болен оток. Црвеното пребојување може да се опише како концентрична црвена точка или пак како пошироко пребојување околу зглобот. Независно од овие локални симптоми, Sticta пациентите често патат од изразена несоница откако ќе претрпат некоја траума.
Strontium carbonicum
Овие пациенти може да развијат симптоми на слабост. Слабоста може да биде општа, или посебно по операција, или пак може да биде локализирана на одреден дел на телото. Локалната слабост вообичаено зафаќа еден зглоб, и тоа скочниот зглоб. Пациентите поради тоа често го виткаат зглобот, или пак го шинуваат зглобот и потоа патат долго време од оток на зглобот и од обновена и зголемена слабост во зглобот.
Текстот објавен на оваа страница е од информативен карактер. Информациите во овој текст немаат цел да заменат професионален медицински совет. Доколку имате здравствени проблеми Ве советуваме да побарате медицински совет кај професионално лице. Хомеопатските лекови се земаат по препорака на професионален хомеопат, и се издаваат по извршен преглед.
д-р Биљана Ѓуроска