Чирот на желудникот пред сè е психосоматско заболување, кој се јавува соодветно на подложниот терен (променлив според индивидуата), на тригер фактори (преоптеретување од лекарства, психички фактори, хируршки операции).
Се јавува како резултат на хиперсекреција на хлороводородната киселина и пепсинот, од една страна и ослабување на заштитата на ѕидовите на желудникот, од друга страна; последниот фактор може да е поврзан со локална хиперваскиларизација која е под влијание на хипоталамусот.
Алопатијата во терапија користи инхибитори на желудниковите хистамински рецептори H 2, кои помагаат при затворање на улкусот, и имаат мал број на несакани ефекти. Но по прекинување на користење на H 2 блокаторите болеста се враќа во ист интензитет, со непроменет ритам. Поради тоа хомеопатијата, која во патогенеза на болеста ги лекува и физичките промени и нервните симптоми, има клучна улога во лекувањето на улкусот.
Ќе ги разгледаме:
- Лекарства со локална анатомска и патофизиолошка сличност
- Лекарства, кои предизвикуваат патогенетски појава на чиреви и нервните симптоми
- Лекарства за чувтвителни типови кои одговараат на горе споменатиот терен.
ЛЕКАРСТВА СО ЛОКАЛНА СЛИЧНОСТ
Kalium bichromicum
Добро делува на длабоки, округли улкуси со прави рабови, како исечени по шаблон; гастроскопијата покажува секреција на леплива, вискозна, жолто-зелена слуз. Болниот чувствува жежење во желудникот, гадење, тежина во стомакот, понекогаш со повраќање на слуз. Потешкотиите се јавуваат многу малку по јадење и се засилуваат од алкохолни напитоци, посебно од пиво. Се препишува во 5 или 9 C, два пати дневно, најчесто како дополнителна терапија на конституцискиот лек. Кај болните кризи Kalium bichromicum има многу силно смирувачки ефект, кој е брз, но краткотраен, затоа приемите може да се повторуаваат често.
Nitricum acidum
Лекарството многу добро делува кај улкуси кои се во облик на линија и се јавува на bulbus pylori, кои на гастроскопија личи дека е распаран со нокт.
Болниот се жали на жежење, колики, прободувачки болки, симптомите се засилуваат од конзумирање на млеко и мрсна храна и се намалуваат од затоплување.
Лекарството добро се покажало кај пациенти, склони кон напукнување на граничните зони помеѓу кожата и лигавиците, посебно околу анусот.
Се издава во 5 или 9 C два пати дневно.
Graphytes
За да се издаде овој препарат се бара ретрактивен улкус, со калоза и цикатризација. Болките се горечки и се намалуваат при јадење.
Graphytes особено добро делува на тврди, дебели, зиморничави лица со тенденција кон кожни промени од типот на мокри егземи, периунгвални брадавици и келоидни цикарикси.
Phosphorus
Може да се препише кај било кој пациент со улкус, кај кого постојат необилни хеморагии и во минатата анамнеза исто така се открива склонот кон хеморагии
Iris versicolor
Ова е препарат за лечење на Дампинг –синдом, која е резултат на пилоропластика или желудочна ресекција.
Болниот чувствува силно горење и повраќа кисела, горечка, слузаста течност. Симптомите се јавуваат веднаш по јадење и се придружени со дијареа со мрсна столица и со мигрени.
ЛЕКАРСТВА ЗА ГАСТРО-ДУАДЕНАЛЕН УЛКУС СО НЕРВНИ СИМПТОМИ
Argentum nitricum
Болниот се жали од колики, жарење, надуеност со многу подригнување, често шумни. Влошувањата се набљудуваат најмногу под стрес или после прајадување на многу благи нешта; се појавуваат веднаш по вообичаеното брзо јадење и се смируваат од топли напитоци. Пациентот може да има склоност и кон моторни дијареи, полакиурија, вртоглавици. Тој е многу забрзан, се завршува за кратко време, секаде подранува и има многу бројни фобии.
Arsenicum album
Во клиничката слика доминираат горење и слабост. Горењето се подобрува од надворешно затоплување и топли напитоци. Болниот често е жеден.
Може да има повраќање и дијареа, посебно по ладни оброци и напитоци. Не се ретки и микрокрво изливите.
Arsenicum album добро делува на луѓе кои во минатото имале појави кои се карактеристични за псоричниот реактивен тип: егзема, пазлични алергии и др. Во принцип тоа се ослабени, пациенти кои се нервозни, и се одликуваат со ситничав, захтевен, песимистички карактер.
КОНСТИТУЦИСКИ ЛЕКОВИ
Lycopodium
Овој препарат вклучува во патогенезата симптоми кои се совпаѓаат со гастродуоденални улкуси: колики, жарење кои се попратени со следните модалности:
- Се влошуваат помеѓу 16-20 часот;
- Се подобруваат од топли напитоци;
- Сезонска периодичност (пролет и есен).
Кон улкусниот синдром се додаваат и следниве симптоми: чувство на тежина во желудникот кои се јавуваат на првите залчиња храна, балонирање за време на јадење, кое дури го принудува болниот да го пушти каишот, еритроцијаноза на образите на крајот на јадењето, сонливост по јадење (каде дремката не успокојува). Болниот кој вообичаено сака слатки храни, многу тешко ја вари храната која содржи скроб, лук и маснотии.
Овие симптоми се среќаваат најмногу кај пациети со карактеристики на псоричен реактивен тип (егзема, мигрена), во минатата анамнеза имаат холе или нефролитијаза и нарушување во метаболизмот.
Однесувањето му е авторитативно, тоа се пред сè чувствителни луѓе кои лесно се лутат и не поднесуваат приговори; тоа однесување често крие недостаток на самодоверба.
По потреба може да се дозира како дневна доза или во седмични или месечни дози.
Anacardium orientale
Ова лекарство се избира во зависност од главната модалност: сите симптоми, како на желудникот (горење, тензија), така и нервни, веднаш се подобруваат со јадење, а се влошуваат два часа после јадење.
Често потешкотиите се појавуваат после умствен замор кај вознемирени, растревожени, нерешителни индивидуи, склони кон силни напади на гнев и употреба на груби зборови.
Се препишува во пониско разредување еднаш до два пати дневно.
***
Во одреден број на случаи е подобро покрај медикаментите избрани покрај стомачните симптоми, да се препишат и лекарства, кои дејствуваат директно на невровегетативната дистонија (Ignatia, Nux vomica, Staphysagria и др.). Ваквите лекарства оптимизираат општа рамнотежа кај пациентот и му дозволува да реагира подобро на стресот.