Колонопатиите се состојба, при која има дефекации, кои останале подолго време во цревата. Најчесто зборуваме за запек кога пациентот оди помалку од 3 пати седмично.

Паралелно со лечењето големо внимание се посветува на диета (богата со целулозни влакна и пиење на вода) и на хигената (јадење во определено време, физички вежби).

Хомеопатското лечење може да биде симптоматско, препарати кои делуваат само на запекот, и конституциска терапија, која има подлабоко и по-продолжено дејство.

СИМПТОМАТСКИ ЛЕКАРСТВА

Alumina

Причината за запек е атонија на ректумот. Немаат никакви позиви за голема нужда, и празнењето се случува само кога ќе се натрупа голема количина во ректумот. Столицата е налик на брбушки, суви,  запечени топчиња. Дури и меките столици излегуваат со голем напон.

Овој препарат често се користи за лечење на запек кај постари лица.

Ammonium muriaticum

Празнењето е со голем напор. Столицата е многу тврда, многу сува и трошна. Чувство на горење во анусот и ректумот. Прострацијата која е присутна кај овој препарат се граничи со тифоидна состојба. Сите мукозни секреции се зголемени и задржани. Посебно одговара на дебели и мрзливи пациенти кои имаат респираторни проблеми.

Bryonia

Запекот е атоничен. Столицата е сува, тврда и со голем напор и напони. Во поголемиот број на случаи болниот нема никакви позиви за голема нужда. Сувоста на лигавиците е многу каратеристична за Bryonia, може да се види и во устата. Јазикот е сув, а жедта силна.

Causticum

Позивите се чести без резултат и покрај тоа што има болни напони.  Овој препарат одговара на склеротични старци кои патат од различни артрози.

Collinsonia

Столицата е обилна, излегува со голем напор и е придружено со крварење од излезените хемороиди. Има конгестија на пелвичната и порталната циркулација, поради што се јавуваат хемороиди и запек, посебно кај жени. Хипотоничари, со општа мускулна атонија. Во ректумот има изразено чувство на остри стапчиња. И чувство на констрикција.

Hydrastis

Болниот нема потреба да оди во тоалет. Столицата е тврда, на парчиња и е покриена со дебел слој на слуз. Овој лек е многу ефикасен кај деца и бремени жени и кај злоупотреба на средства за прочиствување (лаксативи).

Magnesia muriatica

Столицата е сува, на мали топчиња, како овчи брбушки и се трошат при излегување од анусот.

Лек кој е одличен за црниот дроб со назначен запек. Посебно е адаптиран за заболувања кај жена, со долга историја со проблеми со варење на храната и утерино заболување; за деца кои не можат да го обработат млекото. Многу се чувствителни на бука. Со главоболка која е со чувство дека ќе пукне главата, и се влошува од движење, и свеж воздух. Се подобрува од притисок на од виткање на топло (Silicea; Strintium). Многу потење на главата (Calcarea, Silicea).

Opium

Инертноста на ректумот води до потполно отсуство на позивите за голема нужда. Столицата е црна, многу сува и тврда.

Plumbum metallicum

Столицата наликува на суви, тврди, црни топчиња. Излегувањето им е многу тешко, болно и бара голем напон со болни спазми на аналниот сфинктер.

Често болниот пати од силни колики.

Raphanus niger

Запекот е придружен со балонирање на стомакот и метеоризам, посебно во зоната на левиот свиток на дебелото црево. Често кај пациентите се гледа растегање на абдоменалните ѕидови со тимпанизам и болка, која се подобрува по испуштање на гасови. Овој препарат е одличен за пост-оперативни болки кои се јавуваат како резултат на полнење на цревата со гасови.

Кај овие пациенти може да се сретне тага, со аверзија на деца посебно девојчиња. Главоболка, со чувство како мозокот да е нежен и болен. Кај жените изразена нимфоманија со аверзија кон сопствениот пол и деца.

Во потешки случаи може да се случи и повраќање на фекална содржина.

ДОЗИРАЊЕ

Сите погоре споменати препарати се издаваат во ниски разредувања 5 C еднаш до два пати дневно.

ОСНОВНИ ЛЕКАРСТВА

Погоре веќе ги споменавме Nux vomica, Ignatia, Lycopodium, Sulfur. Покрај нив може да ги користиме и следниве препарати:

Graphytes

Болниот нема никакви позиви за голема нужда. Столицата е голема по обем, и излегува во облик на голема сува маса, обвиткана со слуз.

Од симптоми на Гастроинтестиналниот тракт се диспепсија со гасови, хемороиди со болни рагади, без тенезми. Лекарството добро делува кај полни, флегматични лица со тенденција на кожни промени кои се со секреција (влажни егземи).

Calcarea carbonica

Лекарството може да се препише во зависнот  од морфологијата на болниот (полн, со кусо тело), но најмногу во зависност од попатните симптоми и минатата анамнеза, кои го опишуваат псоричниот реактивен тип (атопичен дерматит, чести заболувања на уво, нос, грло, склоност кон разболување од глисти). Често столиците се ахолични.

Kalium carbonicum

Запекот е упорен, без позиви за дефекација. Столицата е голема, тврда и предизвикува горечка болка, која прободува како нож во аноректалната област. Често кај болниот може да се сретнат пролабирачки болни хемороиди кои горат и крварат.

Имаат многу гасови, и изразено е испуштање на гасови веднаш после јадење. Лекарството се покажало дека одговара кај анемични болни, кои често се уморни, со опуштена мускулатура, склоност кон отоци каде што може да се види кардио респираторна или пак ревматска патологија.

Sepia

Запекот е придружен со постојано чувство на топка во ректумот, која не се подобрува при излегување по голема нужда, болни хемороиди кои крварат. Често болниот пати од диспепсија и чувство на желудникот дека е празен и дека виси. Одговара на тажни и нервозни индивидуи, со склоност на птоза на внатрешните органи и кон венскиот систем

Silicea

Столицата е тврда, излегувањето е многу тешко (се враќа назад). Посебно добро одговара кај анорексични, слаби, изнемоштени и зимурничави деца, кои се склони кон гноење и деминерализација на коските.

Natrum muriaticum

Столицата е сува и се троши при излегување од анусот. Болниот вообичаено има добар апетит. Но и покрај тоа не може да стави килажа. На јазикот се приметува атрофија на папилите, кои му даваат изглед на географска карта. Пациентот е уморен и понекогаш може да има реактивна депресија.

ДОЗИРАЊЕ: Се препишуваат соодветно на сличноста или во 9 или во 30 C, во дневна или неделна доза.

Текстот објавен на оваа страница е од информативен карактер. Информациите во овој текст немаат цел да заменат професионален медицински совет. Доколку имате здравствени проблеми Ве советуваме да побарате медицински совет кај професионално лице. Хомеопатските лекови се земаат по препорака на професионален хомеопат, и се издаваат по извршен преглед.

д-р Биљана Ѓуроска

error: