OM Healing работилница
20
Јуни, 2012

 

Ве покануваме да присуствувате на OM Healing работилница. Работилницата ќе ја води Биљана Ѓуроска, инструктор и координатор за OM Healing во Македонија.

OM Healing 
Што е OM Healing?
OM Healing е изворна техника на исцелување која ја користеле древните ршии (мудреци), и повторно е вратена од Хималаите во светот за да помогне да се воспостави рамнотежа кај секој поединец, човештвото и на планетата Земја.
Кои се придобивките од OM Healing техниката?
  • Го одржува нашето здравје и помага за успешно практикување на медитација.
  • Не усогласува физички, ментално, емотивно и духовно.
  • Се отпуштаат чувствата и се буди внатрешен мир, среќа и љубов.
  • Ја подига вибрацијата во околината, создава склад и единство кај човекот и природата.
Зошто OM Healing е толку моќна и далекусежна?
Звукот и вибрацијата се основа на создавањето. ОМ е примарниот звук на креацијата односно на создавањето и го пронижува целиот универзум. Звукот ОМ му припаѓа на целото човештво и на сите религии.
Како делува OM Healing?
Со резонирање на звукот OM во група на луѓе поредени на одреденu начин, процесот на лекување може да се засили со усогласување на вибрацијата. Како што каменот фрлен во вода создава бранови, така и вибрацијата на звукот ОМ одѕвонува во околината. Оваа вибрација може да биде корисна за практикантите, но и за други луѓе, места и животни ситуации.
Зошто да практикувате OM Healing?

На светот му требаат луѓе кои ќе допринесат за негова промена. Време е да го спознаеме потенцијалот внатре во нас и да го поделиме со цел свет.
За повеќе информации може да ја посетите страната www.om-healing.org
OM Healing не се наплаќа. Донациите се добредојдени.
(Здружение за хармоничен раст и развој на човекот ГАЕА Сметка: 200002308979068, депонент: Стопанска банка А.Д. Скопје)
OM Healing може да се одржи секаде каде што 3-4 или повеќе луѓе може да се соберат.

 

Биљана Ѓуроска е Доктор на медицина, сертифициран хомеопат. Иницирана во Бабаџи Крија и во последниве 3 години ја практикува како техника за прочистување на телото и умот и за контакт со душата. Неодамна стана кординатор за ОМ Ицелување за Македонија.
Првата OM Healing работилница во Македонија беше одржана 20.06.2012 од Triambhakeshwari. Triambhakeshwari е ученик на Шри Свами Vishwanande, Интернационална OM Healing координаторка и Атма Крија учител. Triambhakeshwari оваа година имаше ставено како цел да ги помине сите балкански држави каде што не се практикува OM Healing, и истото да го пренесе и на организаторите на работилниците да им овозможи да добијат благослов од Шри Свами Vishwanande, за да може тие понатаму да организираат и практикуваат во нивните држави. На 21.06 во раните утрински часови Шри Свами Vishwanande и даде Благослов на Биљана Ѓуроска непречено да организира OM Healing работилници и да овозможи и други практиканти да се здобијат со истата можност.

ГАИА

Бул. АСНОМ бр. 24 локал 3, 1000 Скопје
+389 70 72 36 31
+389 2 511 0234
info@homeopatija.com.mk

СЛЕДЕТЕ НЕ
error: