УВо секојдневниот живот искусуваме лутина, незадоволство, љубомора, тага, осаменост, разочараност, исцрпеност, пренатрупаност, пониженост, фрустрации,  напушеност, грижа и што уште не. Постојано вознемирени од минатото или од несигурната иднина.

Ваквиот начин на живеење е полн со различни мали предизвици и проблеми. Овие мали проблеми ги етикетираме како вообичаени и привремени, а тие всушност се хронични. Никој не може да гарантира дека еден ден некој од тие мали проблеми нема да стане голем и при тоа да бара веднаш внимание. Бидејќи многу од овие големи проблеми не се разрешуваат целосно, страдаме.

Луѓето сме многу прилагодливи. Може да толерираме некои ситуации долго време. Си кажуваме:  “Тешко е, но ќе издржам”, или ”Ќе помине”.   Но, страдањето не е неизбежно.

Сепак, постои друг начин освен страдање.

Решение?

До денес, илјадници луѓе веќе научиле како да се ослободуваат од ваквите мали и големи проблеми благодарение на методите од курсевите Уметност за Свесна Промена.

Научија како да го прават тоа самите за себе. На пример – учесниците се способни да ги ослободат емоциите и мислите кои ги вознемируваат за пет секунди додека истовремено имаат непријатен разговор. И тоа го прават без никој да ги примети. 

Добиените резултати се трајни и неповратни. Еднаш разрешените проблеми веќе не се повторуваат.

Што ќе ги замени ослободените емоции и мисли?

Природна стабилност, смиреност, внатрешна слобода и емпатија.

Дел од многуте придобивки се зголемената ефикасност и енергија.

Она што е најважно – наместо автоматските реакции, свесноста ќе почне да доминира.

Свесноста е најважниот инструмент на секој човек – основата за професионална ефикасност, мудрост и креативност. 

Уметност за Свесна Промена е интегрален дел од Human 2.0 програмата за личен развој која ја создаде Ингвар Вилидо. Програмата овозможува стекнување на основни нови вештини за зголемување на квалитетот на животот.

Human 2.0 е човек кој:

  • научил да ја користи свесноста и нејзините квалитети како основна сила во животот;
  • го открил Вистинското Јас;
  • е во можност да ги ослободува автоматските реакции и навики кои се штетни и може да повредат;
  • е активен, ефективен и креативен во секојдневните активности.

Уметност за Свесна Промена е метод кој ја подржува целта на личната одржливост.

Методот е уникатен поради тоа што дава ефект веднаш и е лесен за употреба, има универзална примена и позитивно трајно влијание.

Уметност за свесна промена е уникатна програма, која Ингвар Вилидо ја создал како резултат на 30 години емпириска работа и 25 години искуство во пренесување на учењето за свесност и јога.

Од 2008 год. илјадници учесници го споделуваат нивното позитивно искуство, што уште повеќе ја потврдува ефикасноста на овој метод.

error: