„Највисоката и единствена мисија на лекарот е таму каде што има болест да го врати здравјето, да лекува, затоа и се нарекува лекар.“ 

– Самуел Ханеман –

д-р Биљана Ѓуроска            доктор на медицина и специјализиран хомеопат

Зошто хомеопатија?

При проучување на механизмот на заболувањата заклучокот е дека при тоа е нарушена хомеостазата на целиот организам. Шемата на болеста не почнува со пореметување на работата на еден орган. Хомеопатијата е наука чиј пристап е холистички и индивидуален. Пореметувањето на здравјето го гледа како дел од целата слика на пациентот, на сите негови поминати трауматични искуства и потенцијални наследни заболувања. Без разлика на дијагнозата пристапот е индивидуален, бидејќи манифестацијата на заболувањето е секогаш различна кај секој пациент, пред се неговото субјективно доживување на истата.

Која е разликата меѓу конвенционалната медицина и хомеопатија?

Најголемата разлика помеѓу конвенционалната медицина и хомеопатијата е во терапијата и пристапот. Хомеопатијата е комплементарна наука. Не ја исклучува конвенционалната медицина. Дијагностичките методи се исти како кај конвенционалната медицина. Кај хроничните болести не ја исклучува задолжителната потреба од терапија од конвенционалната медицина.
Но за разлика од тоа што конвенционалната медицина е пред се симптоматска, хомеопатијата е со тенденција да дојде до причината на пореметувањето. Можеби во одредени ситуации не е во можност да ја врати функцијата на одреден орган, но со редовно земање на хомеопатската терапија се овозможува да не продолжи нарушувањето на работата на другите органи и одржување на хомеостазата.

Како делува хомеопатијата?

Хомеопатските лекови немаат хемиска супстанција. Тие се толку разредени што по хемиски пат не може да се докаже присуство на ниту една супстанција.
Во последните неколку години хомеопатијата ја ставаат во рамките на нано медицината. Всушност е првата нано медицина воведена во човештвото.
Дејството е тешко за објаснување бидејќи хоеопатските лекови се вибрација.
Пред се вибрација слична на болеста која ја има пациентот. Вибрацијата на лекот и вибрацијата на болеста во телото постигнуваат резонанта и при тоа се поништуваат една со друга. Бидејќи нашето тело без присутво на болеста е во состојба да се врати самото во рамнотежа многу често велиме дека хомеопатските лекови не лекуваат на стандарниот за нас познат начин, тие му помагаат на телото да се врати во рамнотежа.

„Не постои поголема можност, одговорност или обврска која може на едно човечко битие да му биде зададена одколку тоа да стане лекар. Грижејќи се за страдањето тој треба да поседува научно знаење, технички способности и човечко разбирање. Оној кој работи вака со храброст, со мудрост и со понизност и смиреност тој ќе го услужи својот близок и ќе изгради уникатен карактер во себе. Лекарот не треба да прашува повеќе од ова за својата судбина; тој треба да стане ништо помалку од ова.“

Принципите на Интерна Медицина од T. F. Harrison

 

ГАИА

Бул. АСНОМ бр. 24 локал 3, 1000 Скопје
+389 70 72 36 31
+389 2 511 0234
info@homeopatija.com.mk

СЛЕДЕТЕ НЕ
error: