Информатор

Школата за Интегрирана Хомеопатија ГАИА Ве информира дека почнувајќи од 20ти Јуни до 30ти Август 2017 година, ќе врши упис на заинтересирани студенти за генерација 2017/2020. Наставната програма на Школата е во согласнот со предложената програма за едукација на Хомеопати на ECCH. Едукацијата е во траење на 3 години, предавањата се одржуваат еден викенд од месецот почнувајќи од Септември до Јуни. Во тек на наставата, студентите ќе се запознаат со сите поглавја на класичната хомеопатија, со што ќе се оспособат за препишување на хомеопатска терапија. Овој наставен фонд на часови овозможува и пристап до потребната литература, обука за користење на реперториум како и практично оспособување за хомеопатска практика. Во натамошнито текст можете да го видите курикулумот на Школата, која ќе се одвива во тек на девет наставни викенд сесии по година, во период од 3 години.

Место на одржување

На викенд семинарите на Школата по класична хомеопатија е Скопје, во сала опремена со современи електронски помагала за настава (видео бим и останати потребни средства). Пред запишување во Школата за Интегрирана Хомеопатија секој од кандидатите ќе има можност да се запознае со работата на школата со кратко воведно предавање.

Цена на една учебна година

Цената на една учебна година за Школата за интегрирана хомеопатија е 1200 Евра од кои 400 Евра при уписот, а останатите поделени на девет еднакви месечни рати по една за секоја викенд сесија во месецот. Во школарината влегуваат основната литература (Хомеопатската Материја Медика, Органон 6-то издание, и реперториум за почетници), печатени матерјали од секое предавање, пристап до видео матерјал на страната www.homeopatija.com.mk во делот Пристап за Студенти од секое предавања, на истата страна може да се најде Power Point од секое предавање и PDF од матерјалите од секое предавање, одржувањето на наставните часови и практичната настава, презентација и одбрана на семинарска работа, завршниот испит, и членарина во Европскиот Централен Совет за Хомеопатија во период од три годии колку што трае школувањето.

Во случај кандидатот да се откаже од Школата во тек на изведувањето на наставата, дотогаш уплатените средства за школарина не се враќаат а поднесените документи се враќаат на барање на кандидатот.

Тајминг

Месец на почеток на школата: Септември 2017 год.

Месец на завршување на школата: Јуни 2020.

Месец на полагање на завршниот испит: Септември 2020.

Викенд семинари:

  • Сабота – теориска настава (09,00 – 18,00 часот со 1 час пауза за ручек и 2 кафе паузи од по 15 мин)
  • Недела – теоретска и практична настава (09-18,оо часот со 1 час пауза за ручек)

Терминскиот план на викенд семинарите ке биде накнадно направен во договор и флексибилност со предавачите на Школата; Дозволени изостаноци за стекнување право на полагање завршен испит на Школата е 20% од предвидениот фонд часови.

Предавања

I и II година

Ќе се состојат од викенд семинари кои ќе се одржат на крајот на месецот.. Предавањата започнуваат на 30-ти Септември 2017 година и ја опфаќаат филозофијата и теоријата на хомеопатијата, materia medica homeopathica и техники на земање на случаи и реперторизација.

III година

Третата година ќе се состои во викенд семинари каде ќе се продлабочува знаењето од хомеопатијата преку запознавање на системите на познати и светски познати хомеопати. Дускусјиа за различните методи за земање случај.

Во третата година студентите ќе треба да сработат најмалку 25 случаи, од кои по нивен избор ќе траба барем еден да го презентираат

Испит

Право на испит ќе оствари оној студент кој има посетувано барем ? од предавањата. Во дел од крајното оценување ќе влезе секој испит на крајот на секој семинар и учеството на часови.

Потребни претходни квалификации

Сите кои планираат професионално да се бават со професијата Хомеопат, треба да имаат Висока Медицинска Едукација (Општа медицина, Стоматологија, Фармација, или Висока Медицинака Школа-отсек сестри, медицински техничар) согласнот законот за Комплементарна и Алтернативна Медицина на Р. Македонија.

Времетраење и фонд на часови

Школата е со наставен фонд од 650 часови контактна настава од кои 500 се теориска настава, 150 часoви клиника и 650 часови домашна работа за изработка на семинарски трудови, семинарските се работат во консултација со ментор на крајот на секој семестар за темите кои се предавани. Со овој фонд се овозможува основна хомеопатска едукација и навлегување во вештината на хомеопатската пракса. Фондот на часови е во согласнот со Законот за Комплеметарна и Алтернативна Медицина на Р. Македонија, член 15-6.

Јазик на наставата

Македонски

Титула

Уште од почетокот на запишување на Школата ќе бидете запишани во регистерот на ученици по хомеопатија во Европскиот Централен Совет за Хомеопатија. По завршувањето на школувањето како член на Сојузот на Хомеопатски Асоцијации на Македонија ќе биде запишан во регистерот на Европскиот Централен Совет за Хомеопатија како сертифициран хомеопат. На крајот на Школата, студентот кандидат по успешно положениот испит, добива Диплома за завршенa Школа по класична хомеопатија со назнака за фондот на часови, заверен од Школата за Интегрирана Хомеопатија ГАИА.

Упис

Заинтересираните кандидати пополнуваат пријава за упис на образец, кој може да се симне во електронска форма од оваа веб страна а потоа пополнет електронски го испраќаат на e-mail адреса: dr.b.gjuroska@homeopatija.com.mk За прифаќањето на Пријавата за упис, кандидатот добива Известување за прифаќање на пријавата за упис во електронска форма на мејл адресата што ја оставил на пријавата за упис. По примање на Известување за прифаќање на пријавата за упис се пополнува истиот образец (пријава за упис) испечатен во хартиена форма, кој своерачно потпишан, заедно со потребните дополнителните документи (од бр.2 до бр.5, види подолу) се доставува лично или по пошта.

Уписен рок

Уписниот рок започнува на 20.06.2017 год.

Последен ден за поднесување документи за упис е 30 Август 2017 година.

Потребни документи за упис

  1. Пополнета и потпишана Пријава за упис на Школа за Интегрирана Хомеопатија ГАИА
  2. Фотокопија од лична карта на кандидатот
  3. Фотокопија од документот со кој се докажува претходната медицинска наобразба (за кандидати кои ја имаат) и тоа фотокопии од дипломи, потврди или уверенија за завршен соодветен степен на медицинска едукација)
  4. Извршена уплата на денарска противвредност на 400 Еур. по продажен курс во менувачниците на денот на уплатата, на жиро сметка на Школата за Интегрирана Хомеопатија ГАИА 200001914447476 Стопанска Банка АД. Скопје, или 270064511010104 Халкбанк А.Д. Скопје, со цел за дознака за Школарина.
  5. Потпишан договор за учество на Школа по Интегрирана Хомеопатија ГАИА (Договор се потпишува на ден на првата наставна викенд сесија).

Куркулум

I ГОДИНА

Септември

Историја на хомеопатијата. Материја медика, Принципите на хомеопатијата.

Октомври

Вовед во холистичката теорија, Човековото битие и околината, трите Нивоа на човековото битие, Функционирање на човековото битие како целина Materia medica: Bryonia, Rhus toxicodendron, Eupatorium, Gelsemium

Ноември

Органон
Воспаление на средното уво, Kalium bichromicum, Hepar sulfuris

Декември

Практична работа, презенентација на случаи од изучените лекови

Јануар

Витална Сила
Arsenicum album, Nux vomica…

Февруар

Правење лек
Materia medica: Natrum muriaticum, Pulsatilla, Sepia

Март

Теоријата на хронични болести, запознавање со трите основни мијазми, (Medorrhinum, Mercurius vivus, Psorinum, Thuja, Syphilinum, Sulfur)
Organon

Април

Слика на хомеопатските лекови кај деца, најчесто употребувани лекови во детска возраст.

Мај

Прва помош со хомеопатија

Јуни

Презентација на семинарските од полугодието

Интерни курсеви

Дводневен курс по хомеопатија

На овој курс ги повикувам сите заинтересирани кои досега користеле хомеопатија и сакаат да се ослободат сами да ја применуваат за акутни состојби и оние кои до сега воопшто не се сретнале со хомеопатијата, а таа одсекогаш ги привлекувала. Курсот се одржува два дена, со предавања од 09 до 14 часот. Место на одржување: Хомеопатската Ординација ГАИА, бул. АСНОМ бр. 24 локал 3 (Ново Лисиче, спроти паркот со авионот).

Што ви нуди овој курс:

  • Практично знаење и искуство за лекување на акутни состојби со хомеопатија
  • Развивање на нови концепти за болест и здравје
  • Живеење во ритамот на природата и природните закони
  • Свесност за себе како дел од се, и сеприсутноста во себе
  • Живеење во склад со внатрешниот мир

Курсот ќе го води: Др. Биљана Ѓуроска – Доктор на Медицина и Сертифициран хомеопат

Цена на курсот:

Цената за дводневниот курс:

  • 1500 денари, во оваа сума е вклучени скрипта во која имате краток опис на препаратите
  • 3000 денари покрај скриптата добивате и сет од 20 хомеопатски лекови.

Вашиот интерес за курсот потврдете го со испраќање на пријава и уплата на сметката Стопанска Банка 200001914447476, примач ГАИА, цел на дознака ЗА КУРСОТ ЗА ПРВА ПОМОШ СО ХОМЕОПАТИЈА. Поради големината на салата бројот на посетители е ограничен.

Што ви е потребно:

Удобна облека, тетратка за фаќање прибелешки, нешто за јадење и желба да направите нешто за себе.

Пријавете се на:

моб. 070 72 36 31, секој работен ден од 9 оо – 17 оо
или на mail dr.b.gjuroska@homeopatija.com.mk

Известувања

Завршен испит за I генерација 29.09.2013

Денес се оддржа завршниот испит по хомеопатија за првата генерација во првата Македонска Школа за Интегрирана Хомеопатија ГАИА.

Zavrsen Ispit I Generacija

Известување за упис

Школата е во траење од 3 години, односно 520 часа.

Предмети кои се изучуваат во Школата се: Историја и Филозофија на Хомеопатијата, Запознавање на Материја Медика и Подробно изучување на поголем број на лекови, Органон, Запознавање со Реперториумот и Репертоаризација, и Практични вежби. По завршување на школата се стекнувате со Диплома и звањето Хомеопат.

Услови за запишување:

За успис во школата може да се пријават сите заинтересирани, за тие кои немаат медицинска едукација истата им ја обезбедува школата.

Предавачи:

  • Биљана Ѓуроска Доктор на Медицина, сертифициран хомеопат
  • Емилија Миладинова Дипл. Фармацевт, сертифициран хомеопат
  • Милена Илиева Арсова Диктор на Медицина, сертифициран хомеопат

За подетални информации Ве молам обратете се на следнива e-mail адреса:
dr.b.gjuroska@homeopatija.com.mk
Или пак на следниот телефонски број: 070723631

Упис II Генерација

Школата за Интегрирана Хомеопатија ГАИА врши упис на Втора генерација на Ученици по Хомеопатија. Уписот започнува од 01.06.2012 и трае до 01.10.2012. Бројот на ученици е ограничен.

Сите информации ќе бидат објавени на web страната homeopatija.com.mk заедно со програмата, предавачите и цената на студиите.