Хомеопатија

Хомеопатијата е метод за исцелување кој е воспоставен пред повеќе од 200 години, благодарение на нејзиниот творец Др. Самуел Ханеман. Тој го дефинирал принципот на сличноста како основен закон на исцелување, кој детално е опишан низ 291 афоризам на Органонот. Во оваа книга, која го претставува камен темелникот на хомеопатијата, Ханеман кажува дека болеста е пореметување на целиот организам на ниво на динамис (виталната сила). Во однос на кажаното, потполното исцелување на организмот може да се случи само од тоа ниво (на ниво на виталната сила), со употреба на средства кои ја имаат таа моќ.

Што е Хомеопатија

Името хомеопатија потекнува од грчкиот збор homio што значи слично, и phatos што значи патње, сочуство… Самиот збор го потенцира главниот принцип на хомеопатијата similia similibus curentor, односно слично се лекува со слично. Хомеопатијата ги лекува заболувањата така што го следи природниот тек на болеста при тоа помагајќи му на организмот да се врати во својата рамнотежа. Додека спротивно на ова „алопатската“ или конвенционалната медицина делува потиснувајќи ги симптомите на болеста.

drop-of-water

Основите на Хомеопатијата ги поставил германскиот доктор на медицина Др. Самуел Ханеман (Samuel Hahnemann). Практикувањето медицина во мрачното доба на човештвото било еквивалент на мачење на пациентите. Незадоволен од ефектот кој го имала медицината кај пациентите, Ханеман се повлекол, и бидејќи знаел повеќе јазици работел на преведување на медицинска литература. Преведувајќи го медицинскиот трактат на темата кинин на Шкотскиот доктор и хемичар William Cullen. Бидејќи бил полн со недоверба на тврдењето дека кининот е вистинскиот лек за маларија, решил да го испробана себе. Тврдењето било дека кининот го ојачува стомакот. Но Др. Ханеман немал никакви симптоми на стомакот. Симптомите кои ги почуствувал биле треска, температура и болка во зглобовите, симптоми кои наликувале на почетните симптоми на маларарија.

main-homeopathy

Заклучокот од овој експеримент бил дека препаратите кои се наменети за лекување на одредена болест, дадени кај здарв човек.

Хомеопатијата како наука се раширила со голема брзина на тлото на Европа и САД. Постоеле многубројни хомеопатски медицински училишта, и уште повеќе болници. Но по откривањето на пеницилинот популарноста на хомеопатијата значително опаднала. И тоа се до пред две децении кога се појавија медицински резистентните соеви на одреден број на бактерии, и желбата на луѓето за здрав живот, ја врати повторно хомеопатијата како барана и применувана гранка.

Како работи

Во периодот на 200 години, колку што постои хомеопатијата како научен метод, истата многу е развиена, но методологијата е останата иста. Хомеопатот при првиот прием на пациентот му зема една опширна анамнеза, вклучено физичките и емотивните симптоми. Хомеопатскиот препарат се издава на определен временски период. Доколку докторот примети одредени промени, тој може да одлучи дали истиот препарат ќе го продолжи или ќе биде исдаден нов препарат.

Има повеќе пристапи во издавањето на хомеопатската терапија, но еден од најчестите е издавање на „конституциска“ терапија. За да се издаде точниот препарат, хомеопатот во предвид ја има целата медицинска историја на пациентот, неговата емотивна состојба но и физичкиот изглед.

Друг вообичаен пристап на издавање на хомеопатска терапија е според акутните симптоми. Овој начина на издавање на хомеопатска терапија се практикува кога симптомите се појавиле ненадејно, како симптоми на настинка, диареа, кашлица… Пример за акутно издадена терапија е препаратот Arnica кој најчесто се препишува кај повреди кои се манифестираат со појава на модринка или мускулна болка.

Man_headache

Комбинираното препишување е кога во комбинација на конституциската терапија се издава и уште еден препарат кој го потенцира ефектот на првиот делувајќи одредено за даденото заболување.

Постои и емотивната хомеопатија, каде што делувајќи само на одредените чуства му се помага на пациентот да се врати во својата рамнотежа.

Бидејќи не постои болест доколку човекот е во неговата рамнотежа. Но ако таа рамнотежа се наруши како ефект на стрес, тага или пак чуства како омраза, љубомора, тогаш болеста многу лесно доаѓа.

Основни принципи

Главниот принцип на хомеопатијата, веќе погоре споменат, е „слично се лекува со слично“. Односно одредена хомеопатска супстанца дадена во високи токсични дози кај здрав човек предизвикува симтоми кои се приметуваат кај друг човек кој боледува од некое заболување. Овој принцип се користи во одредена доза и во алопатската медицинаа како во процесот на имунизација и десензибилизација..

Вториот принцип на хомеопатијата се минималните дози. Обидувајќи се да ги одреди карактеристиките на некои препарати, Др. Ханеман успеал да дојде до следниов заклучок, со разредувањсе на препаратите – нивно потенцирање- препаратот делува многу поефикасно. Односно колку е повеќе разреден препаратот толку е поголем неговот лечебен ефект, и тоа без несакани ефекти и контаиндикации. Теоријата на Ханеман е дека дури и во најразредените дози хомеопатскиот препарат ја буди „виталната животна сила“, вид на енергија кој ги заживува сите живи битија.

HahnemannHomeopathy

Третиот принцип на хомеопатијата е тоа што при издавање на терапија пациентот се третира како една целина. Како додаток на физичките сиптоми на пациентот незанемарлива е неговата емотивна состојба. Докторот хомеопат ги зема во предвид и менталните и физичките симптоми на пациентот, но исто така и неговата индивидуална емотивна состојба, и како резултат на тоа ја издава терапијата. Хомеопатот често поставува чудни прашање кои се чинат воопшто неважни за даденото заболубање, како на пр. Која храна пациентот најмногу ја сака? Кои временски услови неможе да ги поднесе? Или пак период од денот кога симптомите се појавуваат или појачуваат?.

Производи

Хомеопатските лекови, почесто именувани како препарати (бидејќи хомеопатијата не лекува, туку само му помога на човекот да се врати во неговата нормална состојбана постоење, односно во состојба на здравје), може да бидат од рстително, минерално или животинско потекло.

Препаратите може да се земат орално во облик на глобули, таблети или капки, или пак да се втријат преку кожата или во многу ретки случаи и како облик на инекција. Вообичаено хомеопатијата нема несакани ефекти, но пациентот може да доживее влошување како резултат на почеток на процесот на оздравување. Овој ефект најчесто се среќава кај хроничните заболувања каде во подолг временски период симптомите на заболувањето биле потискани со алопатски лекови. Ова е позитивен ефект на терапијата и знак дека издадениот препарат делува.

homeopathic-remedies

Бидејќи хомеопатските препарати се во многу мали разредувања, толку мали што неможе по хемиски пат да се докаже дека во препаратот се наоѓа дадената сипстанција (пр. Sulfur 200 CH), конвенционалната медицина често шпекулира дека хомеопатијата е плацебо ефект. Но плацебо ефект не постои кај децата и кај ќивотните а сепак и кај нив хомеопатијата успешно делува. Исто тука е присутна и контадикцијата со конвенционалната медицина каде што колку е поконцентриран лекот толку е поголема неговата јачина, додека во хомеопатијата е обратно, односно колку е поголемо разредувањето толку е појак препаратот и неговото дејство.

Повеќе за хомеопатија може да прочитате тука

ГАИА

Бул. АСНОМ бр. 24 локал 3, 1000 Скопје
+389 70 72 36 31
+389 2 511 0234
info@homeopatija.com.mk

СЛЕДЕТЕ НЕ
error: