Емоционална хомеопатија

23

Maj, 2017

 

Зошто постојат негативните емоционални карактеристики?

Емоционална хомеопатија

Наследуваме одредени особини исто како што наследуваме и одредени физички одлики. Начинот на кој реагираме на животните искуства води до развивање на емоционални обрасци на однесување.

Хомеопатските препарати може да им помогнат на луѓето кои сакаат да поработат на сопствениот емоционален, ментален и спиритуален раст и развој. Препаратите може да им помогнат на луѓето кои тежнеат да постигнат позитивен начин на размислување и чуство на благосостојба. Негативното расположение, размислите и дејствијата може да предизвикаат неурамнотеженост. Карактерните обрасци, како што се нестрпливоста, стравот, депресијата, огорченоста, недостатокот на самодоверба или мотивација може да делуваат врз животната сила на индивидуата и да делуваат неблагопријатно на здравјето.

Хомеопатските препарати не го менуваат од основа карактерот на личноста. Индивидуалните разлики меѓу луѓето се тие кои го прават животот толку богат. Хомеопатските препарати помагаат да се воспостави рамнотежа кај човекот без да ги менува личните карактеристики. Како пример, еден хроничен воин, може да постане повремен воин, личност која многу критикува и е полна со предрасуди, може да постане потолерантна, и личноста која е со бедна претстава за себе може да се здобие со поголема самодоверба. Во понатамошниот текст ќе бидат опишани неколку карактеристики на неурамнотеженост и хомеопатски препарати кои им одговаат.

Арогантност: Нискиот степен на самопочит вообичаено се крие зад надменоста и ароганцијата на  личностa.  Со арогантното однесување се обидува да го надомести чувството на незаслужност. Platina metallicum е еден од најдобрите препарати кој се користи за оваа состојба на умот. Хиперактивните деца кои постојано се расправаат, инсистираат постојано дека тие се во право, се нестрпливи и ги омаловажуваат другите луѓе, омекнуваат и ја губат острината со примена на овој препарат.

Ситничавост: Постои одреден степен на перфекционизам. Arsenicum album, Ignatia, Nux Vomica и Thuya се едни од препаратите кои се користат за урамнотежување на препотенцирана педантна личност.

Повторувачки мисли: Кока луѓето се чувствуваат загрозени, може да имаат мисли кои несакаат да им влезат во умот. Тие мисли се повторуваат повторно и повторно, како расипана плоча, при тоа одземајќи ја нивната конценрација и мир. Овој феномен варира во однос на интензитетот и времетраењето. Lachesis е еден од препаратите кои може да им помогне на луѓето да се соочат со соодветниот проблем. Исто така може да помогне да исчезнат одредени чувства на лутина, нервоза или фрустрации кои ги пратат соодветните мисли. Жените кои патат од предменструален синдром моќе да приметат  дека одреден начин на однесување станува по приметлив во даден дел од месецот. Lachesis е еден од главните хомеопатски препарати кои се користат во терапија за предменструалниот синдром или пак се издава кај жени кои се во период на менопауза.

Тага и депресија: Губитокот на саканата личност може да остави длабоко чувство на тага кое човекот може да го преживува секогаш кога ќе надојдат одредени сеќавања или мисли. Хомеопатските препарати може да му помогнат на натажениот полесно да се справи со загубата и исто така може да го ублажи дејството на шокот.

Ignatia се користи кај скорешни разделби или загуби. Личноста се чуствува нервозно и неможе да престане да се тресе. Во потполност е идентификуван со загубата и чуствува дека едноставно неможе да потои сам.

Natrum muriaticum вообичаено се користи за депресии. Особено е користен кај депресии предизвикани од загуба на сакана личност. Но настанот најчесто се случил далеку во минатото, а симптомите на депресија се резултат на непреживеаната тогашна тага.  По преживеаната загуба личноста никогаш веќе не била иста, од ведра и среќна личност станала многу меланхолочна, повлечена и не го живее животот со полна сила.

За личности кои патат од депресија во поголемиот дел од нивниот живот. Кои се многу одговорни, гладни се за работа и се со тенденција да се преработуваат. Најчесто издаден препарат за овие личности е Aurum metallicum. Овој тип на луѓе најчесто се обвинуваат себе кога работите во животот ќе тргнат во непосакуваниот правец. Чуствува како темен облак да надвиснал, и при тоа ја одзема сета радост и светлина во животот. Самоубиствени мисли, дури и обидите за самоубиство се карактеристични за овој тип на длабока тага. Физички симптоми со кои може да биде оптоварен овој човек најчесто се висок крвен притисок и тахикардии.

Недостаток на самодоверба: Staphysagria најчесто се користи кај личности со бедна слика за себе. Ваквиот одноос кон себе најчесто е последица  на тешкото минато каде што често биле повредувани. Многу често имаат потиснат гнев. Овие личности многу често имаат потреба да ги задоволат другите и имаат старв од мислењето на дугите. Кај овие личности често може да постои страв од напуштање и отфрлање. Една од основните индикации за издавање на Staphysagria e ако некој во минатото бил сексуално злоупотребуван или пак емотивно отфрлен од родителите.

<p”>Thuya се издава за резервитани, таинствени личности. Нивниот низок степен на самопочит доаѓа од чуството на срам и вина. Овие луѓе недозволуваат никому доволно добро да ги запознае, бидејќи претпоставуваат дека тогаш никој нема да ги прифати. Зависно од длабочината на таинственост, може да имаат различен степена на параноја.

Паника: Животно-загрозувачки настани, сообраќајни несреќи и дури и кошмарите може да претставуваат голем шок за луѓето кои се „тенки“ со нервите. Како последица од таквите настани може да се создадат чувства на паника, страв, анксиозност и немир. Како пример, човек кој доживеал автомобилска несреќа може да не се чуствува доволно безбедно за повторно да управува со автомобилот. Може постојано да инсистира да биде само патник. Но дури и како патник може да удира со ногата на подот симулирајќи дека тоа е кочница. Како последица на преживеаниот шок се јавува чуството на страв. И тоа страв кој многу тешко се контролира, и кој може да се јави без некој позначителен повод. Aconitum е соодветниот хомеопатски препарат кој се издава во случаи на преживеан шок. Може да се издаде веднаш по несаканиот настан или години подоцна кога за паничното однесување може да се предвиди оригиналниот причина.

Само сертифициран хомеопат е во можност да ви го посочи соодветниот препарат за вашата емотивна состојба и соодветното разредување.

 

ГАИА

Бул. АСНОМ бр. 24 локал 3, 1000 Скопје
+389 70 72 36 31
+389 2 511 0234
info@homeopatija.com.mk

СЛЕДЕТЕ НЕ
error: