Кога станува збор за хронични дијареи, пред сè треба да се исклучи постоење на туморозни процеси или дивертикули, како и хеморагичен улцерозен ентероколит. Покрај другото треба да сме сигурни дека болниот не пати од паразити, или пак се навикнал да зема одредени медикаменти (лаксативи или антибиотици).

Gelsemium

Моторна дијареа од емоционална причина. Во случај на срам, проблеми кои се појавуаат поради страв од настап, дијареата може да биде придужена со заматување на свеста, дупки во помнењето или чувство на потсекување на нозете.

Се препишува во повисоки разредувања бидејќи причината е од психички карактер.

Argentum nitricum

Овој лек исто така може да се издаде за дијареи, кои се должат на емотивна состојба, но се препишуваат на забрзани и возбудени луѓе, кои се плашат дека нама да имаат време да го завршат она кое го почнале, или пак ќе задоцнат.

Објективно дијареата е придружена со горење во стомакот, со подригнување, гасови и оток на стомакот.

Podophyllum

Лекарството одговара за светла столица, која се јавува најчесто наутро, и е придружено со болки кои се подобруваат при легнување на стомакот или од масажа.

Се препишува во 9 C и се дава еднаш до два пати дневно.

Antimonium crudum

Столиците се полутврди, полутечни, јазикот е покриен со дебел налеп, и личи како да е од млеко или некој млечен намаз. Подригнувањата се болни и имаат вкус на изедената храна. Овој препарат одговара на полни и  лакоми луѓе, склони на кожни промени како од импетиго или хиперкератоза.

China

Хронична дијареа, која не е придружена ниту со спазми, ниту од анално дразнење. Се забележува значителен тимпанизам на стомакот со хиперестезија на целата површина. Вообичаено болниот се чувствува многу слаб.

Се препишува во 5 или 9 C, еднаш до два пати дневно.

Phosphoricum acidum

Лекарството има одлично дејство на профузни, неболни дијареи, кои не водат до физичка истоштеност.

Често дијареата е причина од силен емоционален шок, после што се јавува нервен презамор и прострација, или пак кај лица кои претеруваат со зелени плодови или свеж зеленчук.

Aloe

Дијареата е многу силна. Се јавува наутро, по будење или пак после земање на оброци е придружена со сфинктерна несигурност (слабост) и хемороиди.

Sulfur

Незадржливи утрински дијареи.

Natrum sulfuricum

Болниот има дијареични столици, кои излегуваат под напон и има многу гасови, наутро при будење и најмногу по јадење или нешто подоцна по јадење. Јазикот е покриен со сиво-жолтеникав налеп.

Лекарството се издава кај дебели, инфилтрирани, зиморничави болни, склони кон депресија и се со склоност кон Сикоричната или сифилитичната мијазма.

Arsenicum album

Вообичаено дијарејата е оскудна, но ги истоштува болните. Придружена е со стомачни болки, кои се подобруваат од топлина. Овој препарат се користи кај индивидуи, чија општа состојба е силно ослабена, кои анаместички наликуваат на псоричниот  реактивниот тип и чиј што карактер го наведува во подредени и песимистички луѓе.

Parathyphoidinum B

Овој биопрепарат помага во лекувањето на хронични дијареи со болка, локализирана во областа на слепото црево. Се препишува во разредување 9 или 15, по една доза седмично или на секои 15 дена.

Текстот објавен на оваа страница е од информативен карактер. Информациите во овој текст немаат цел да заменат професионален медицински совет. Доколку имате здравствени проблеми Ве советуваме да побарате медицински совет кај професионално лице. Хомеопатските лекови се земаат по препорака на професионален хомеопат, и се издаваат по извршен преглед.

д-р Биљана Ѓуроска

error: