Наставната програма на Школата е во согласност со предложената програма за едукација на Хомеопати на ЕССН. Едукацијата трае 3 години, а предавањата се одржуваат еден викенд месечно почнувајќи од септември до јуни. Во тек на наставата, студентите се запознаваат со сите поглавја на класичната хомеопатија, имаат пристап до потребната литература, се обучуваат за користење на реперториум и практично се оспособуваат за хомеопатска практика. Овој наставен фонд на часови овозможува да работите како хомеопат, доколку ги исполнувате дополнителните услови предвидени со законот за Комплементарна и Алтернативна Медицина.
За повеќе информации јавете се на +389 70 72 36 31 или пишете ни на dr.b.gjuroska@homeopatija.com.mk
Препарати кои се наменети за гастроинтестинални потешкотии со попатни општи симптоми
Pulsatilla Кај овој препарат гастроинтестиналните симптоми се променливи; чуствуваат тежина во епигастриумот и понекогаш раздразнителни болки. Често болките се резултат на конзумирање на мрсна храна (Pulsatilla е еден од основните препарати кои се издаваат во случаите...