Наставната програма на Школата е во согласност со предложената програма за едукација на Хомеопати на ЕССН. Едукацијата трае 3 години, а предавањата се одржуваат еден викенд месечно почнувајќи од септември до јуни. Во тек на наставата, студентите се запознаваат со сите поглавја на класичната хомеопатија, имаат пристап до потребната литература, се обучуваат за користење на реперториум и практично се оспособуваат за хомеопатска практика. Овој наставен фонд на часови овозможува да работите како хомеопат, доколку ги исполнувате дополнителните услови предвидени со законот за Комплементарна и Алтернативна Медицина.
За повеќе информации јавете се на +389 70 72 36 31 или пишете ни на dr.b.gjuroska@homeopatija.com.mk
Хомеопатија
Хомеопатија 05 Maj, 2015 Името хомеопатија потекнува од грчкиот збор homio што значи слично, и phatos што значи патње, сочуство... Самиот збор го потенцира главниот принцип на хомеопатијата similia similibus curentor, односно слично се лекува со слично....