
Наставната програма на Школата е во согласност со предложената програма за едукација на Хомеопати на ЕССН. Едукацијата трае 3 години, а предавањата се одржуваат еден викенд месечно почнувајќи од септември до јуни. Во тек на наставата, студентите се запознаваат со сите поглавја на класичната хомеопатија, имаат пристап до потребната литература, се обучуваат за користење на реперториум и практично се оспособуваат за хомеопатска практика. Овој наставен фонд на часови овозможува да работите како хомеопат, доколку ги исполнувате дополнителните услови предвидени со законот за Комплементарна и Алтернативна Медицина.
За повеќе информации јавете се на +389 70 72 36 31 или пишете ни на dr.b.gjuroska@homeopatija.com.mk

Метеоропатија и хомеопатските лекови
Метеоропатија (од Грчки meteora – неземски, боженствен феномен и phatos – болка) е пореметување, или физичка состојба или симптом кое се должи на состојбата на времето како влажност, температура или притисок. Луѓето кои патат од овој феномен се викаат...